10. Светска средба на семејства: Важно е учеството на семејства од целиот свет

10. Светска средба на семејства: Важно е учеството на семејства од целиот свет

Презентацијата за 10. Светска средба на семејствата во јуни 2022 година ја нагласи потребата да се вклучат семејствата во пасторалот со семејства, да се поттикнат семејствата да учествуваат во настани организирани на локално ниво и да се приклучат на преносите во живо од средбата во Рим.

Во четврток 30 септември 2021 година, Ватиканскиот прес  центар беше домаќин на презентација за 10. Светска средба на семејствата, која ќе се одржи од 22 до 26 јуни 2022 година.

Промовирање на активно учество на семејствата

Кардиналот Кевин Фарел, еден од учесниците на прес  конференцијата и префект на Дикастеријата за лаици, семејството и заштитата на животот, истакна дека оваа средба на семејствата ќе има мултицентрична и распространета форма: Рим ќе биде главното седиште за некои делегати од бискупските конференции, црковни движења и здруженија на семејства кои ќе учествуваат на Семејниот фестивал, Конгресот за пасторал и Светата Литургија. Во исто време, сите семејства во светот ќе можат да учествуваат на епархиските средби, разни прослави и Света Литургија, која секој епископ е повикан да ја организира во својата епархија. Кардиналот Фарел ја истакна важноста од поголема вклученост на семејствата во пасторалот со семејства. „Не можеме да ги гледаме семејствата само како „почва што треба да се наводнува“, нагласи тој. Напротив, тие се „житото“ што може да го направи светот плоден! Тие се евангелисти! Бидејќи се работи за семејства, тие се многу повеќе од апстрактни говори, тие на вистински и веродостоен начин сведочат на светот за убавината на семејната љубов.

Делегати од епархии, црковни движења и здруженија

Говорејќи за програмата на настани што ќе се одржат во Рим, како дел од 10. Светската средба на семејствата, заменик секретарот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот Габриела Гамбино рече дека на Фестивалот на семејствата и Конгресот за пасторал, што ќе се одржат во салата Павле VI ќе присуствуваа околу 2.000 делегати. Бројот на делегати од секоја епископска конференција ќе биде пропорционален со големината на самата епархија. Во наредните недели, споменатата Дикастерија ќе го објави бројот на делегати што ќе бидат испратени во Рим од епархиите, движењата и здруженијата.

Наместо тоа, во врска со организацијата на средбите на семјествата на локално ниво, Габриела Гамбино објасни дека одредени предлози ќе бидат испратени до сите бискупи во светот. Во овој контекст, таа истакна дека, врз основа на темата на следната Светска средба на семејствата „Семејна љубов: повик и пат кон светоста“, Дикастеријата има подготвено седум катехези, кои наскоро ќе бидат објавени на пет јазици и ќе може да биде корисен материјал.

Важноста на комуникацијата

Монсињор Валтер Инсеро, директор на Бирото за комуникации со јавноста на Римската епархија, на прес конференција рече дека еден од главните предизвици за организаторите на 10. Светска средба на семејствата не е само зајакнување на комуникацијата, туку и поттикнување на семејствата да учествуваат преку социјалните мрежи. Покрај средбите лице в лице организирани на локално ниво, семејствата од сите континенти ќе имаат можност да се чувствуваат блиски еден со друг следејќи ја Светската средба во Рим преку нивниот компјутер или паметен телефон. Според монсињор Инсеро, секој ќе може да го следи процесот на подготовка за оваа средба благодарение на веб – страницата www.romefamily2022.com.

Сите настани на 10. Светска средба на семејствата, што ќе се одржи во Рим, ќе се пренесуваат во живо на социјалните мрежи.

Римската епархија се подготвува да прими делегати од целиот свет

Папскиот викар за Римската епархија, кардиналот Анџело Де Донатис, исто така, учествуваше на презентацијата за следната Светска средба на семејствата и го нагласи заедништвото на црквите. Целата црковна заедница во Рим, рече тој, ќе прими делегати од пасторалот со семејства на епископските конференции низ целиот свет.

Кардиналот Де Донатис, исто така, истакна дека паралелно со подготовката и одржувањето на Светската средба на семејствата, римската црковна заедница ќе продолжи да поддржува некои иницијативи на бискупскиот Каритас, чија цел е да им помогне на сиромашните семејства, кои исто така имаат потреби предизвикани од пандемијата

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот