Рождество на Пресвета Богородица
Празникот Рождество на Пресвета Богородица Црквата секогаш го слави на 21 септември. Овој празник започнува да се разивива од 5 век во Ерусалим. Тогаш имено на местото каде според традицијата се наоѓала родната куќа на Богородица, изградена е црква во чест на света Ана, мајкатана Богородица. Како спомен на овој настан започнува да се слави и празникот Рождество на Пресвета Богородица, најпрво на Исток, а од 7 век и во Црквата на Запад.
Славејќи го Рождество на Пресвета Богородица, Вториот ватикански собор нѐ учи дека Марија, возвишена ќерка Сионска, после долгото чекање на ветувањата се исполнува времето и се воспоставува нова Економија, кога Синот Божји од неа зеде човечка природа, за да го ослободи човекот од гревот со таинството на светото тело.
Рождеството на Богородица е претскажано и навестено веќе во Стариот Завет. По падот во грев на Адам и Ева, Бог им се јавува, ги прекорува и ги истерува од земскиот рај, говорејќи и на змијата: „И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата“ (Прва Мојсееве 3,15). За неа пророк Исаија кога вели: „Ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му дадат името Емануел!“ (Исаија 7,14). Исто така и пророкот Михеј говорејќи за неволјата и славата на домот Давидов ќе каже: Затоа Он ќе ги остави до времето додека роди онаа, кој треба да роди“ Михеј (5,2). Вториот ватикански собор научува дека Марија е пророчки означена во тоа ветување за победа над змијата.
Со рождеството на Пресвета Богородица започнува новата историја на спасението, односно богоовоплотувањето. Со нејзиното раѓање настапува времето кога ќе биде уништена силата на гревот и смртта.
Таа ни е пример за послушност кон Бог, заеднички живот со Исус, чувствителност за другите, поднесување на страдањата низ кои поминува Синот. Таа е пример за сигурноста на човекот кога се потпира на Бог во склад со чија волја и со чија милост чекори во животот.
Нашиот Бог не е Бог кој молчи. Тој наоѓа пат до нас, сака да го слушнеме. За посредничка на тоа разбирање избира жена. Мајка. Таа е која во својата утроба го чува Бог, таа е храм, првиот кивот во кој се чува Емануел.
Богородица со својата понизност одлучно ни зборува: направете што ќе ви каже. Преку патот на послушност кон Бог, Богомајката нѐ враќа повторно на патот од кој Адам залута.
К.мк/го*ко