Проповед на Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов за Денот на посветениот живот

Проповедта е одржана за време на светата Литургија во Скопје 7 февруари 2015 година при отворањето на Годината на Богоспосветениот живот
Драги браќа свештеници, чесни сестри, со денешната света Литургија од една страна го антиципираме празникот Сретение Господово или Свеќница, а од друга страна е веќе пост фестум. Познато ви е дека тоа е меѓународен ден на посветениот живот. Во оваа хомилија да се обидеме заедно да размислиме за настанот и пораката која ни ја носи сериозното Божјо Слово.

Централно место за средба на Божјиот народ со својот Бог беше Ерусалимскиот Храм. Тоа навистина е место на кое многу пати се објави Божјата слава и затоа секој возрасен Израелец барем еден пат годишно оди на поклонение во Храмот на средба со Господ. Голема утеха е за еден народ, а посебно во тоа време, кога многумина биле во поганство, да се има сигурност: да нашиот Бог е меѓу нас во овој Храм. Меѓутоа, денес знаеме дека тој Храм е само предзнак на една далеку подлабока присутност Божја меѓу луѓето, а тоа е неракотворен Храм Исус Христос, воплотениот Божји Син. Малахија во своето видение ни го навестува доаѓањето на Ангелите на заветот во Храмот свој. Поставува прашање: Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање? Само оној кој ќе биде очистен по тоа доаѓање како што се чисти злато и сребро, а принесувањето на жртвата ќе биде во праведноста, а не само во литургиските знакови. (сп. Малахија 3,1-3) Таа средба ќе се случи како онаа прва кога човекот принесе жртва како праведниот Авел.

Централна порака на тој празник се наоѓа во посланието до Евреите каде авторот зборува за ослободување на човекот од смртта, гревот и ѓаволот.Зашто јасно е дека Тој не дојдел да им помогне на ангелите, туку на Авраамовите потомци. Затоа должен беше во сè да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни. Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне (Евреите 2,17-18). За наше спасение Исус е прикажан на Отецот во оној Храм каде многу жртви и молитви се прикажани во очекување на вистинскиот жртвувател Исус Христос. Колку е прекрасна таа вистина со која Бог го воспитува својот нараод да и Исус, кој од Законот ослободува е подложен на Законот и беше прикажан во Храмот на Отецот. Оваа прикажување едвај кој го забележи. Свети Лука ни раскажува дека само двајца луѓе го препознаа влегувањето на Единствениот Првосвештеник   во еди нствениот вистински Храм. Тоа беа возрасните Сименон Богоносец и пророчицата Ана. И двајцата се во поодминати години, но во очекување на ветениот Спасител. Каква прекрасна сцена кога старецот од младата Мајка го бара Детето да го земе во своите прегратки и штотуу сега доаѓа навестување, пророштво и ветување – надеж. Благодарен е Симеон што го дочека тој блажен час. Евангелското навестување се состои во тоа што со своите очи го виде Божјото спасение: светлина за просвета на незнабошците (Лука 2,32). Тоа навестување – Радосна вест – и самиот Исус ќе ја искаже: Јас сму светлина на светот, кој врви по Мене нема да оди во темнина, туку ќе има светлина и вечен живот. Сета евангелска порака на Радосната вест може да се срочи во оваа Симеоново навестување: дојдов да имаат живот и да го имаат во изобилие. Дојде да просвети и спаси сѐ што е изгубено. Со еден збор дојде да го објави Отецот кој по него, по Исус го спасува сиот свет. Имајќи го тоа пред очи Годината на посветениот живот сугерира себе да се гледаме како личности кои во современиот свет внесуваат светлина. Затоа е избран празникот Свеќница – Сретение Господово како ден посветен на лицата на посветениот живот.

Симеон е пророк. „Еве, Овој е, поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израил, и е знак против Кого ќе се говори. А и тебе самата, меч ќе ти ја прободи душата, за да се откријат мислите на многу срца! (Лука 2,35) Кое ли пророштво! Исус е знак и тоа воздигнат на Спасение но и на пропаст на мнозина. Знак е тоа што го поставува Бог, но и за него се определува човекот со своето слободно определување. Знак на спасение е за оној кој го прифаќа. Знак оспоруван е за оној кој не го прифаќа и ќе биде камен на сопнување до крајот на историјата, до крајот на светот. Конечно пророштвото кое морала Марија да го понесе длабокот во своето срце: а мечот на болката ќе ти ја прободе твојата душа. Сепак, прободувањето на душата не е залудно, зашто со тоа учество во Христовата спасителна жртва се откриваат мислите на многу срца. Исус е Вистина која ослободува. Исус е Пат кој спасува. Така во пророштвото имаме визија на светлина која расветлува, разоткрива и спасува.

Овој настан во храмот е и потврда на надежта. Зошто? Овие двајца старци во надеж го чекаа Спасителот – Месијата – надежта не ги измами, ја дочекаа, видоа и посведочеа.

Почитувани браќа свештеници и преподобни сестри, што нам на посебен начин ни порачува оваа Божјо Слово? Најнапреед сме повикани да бидеме живо Евнагелие. Уште во свое време блажениот папа Павле VI рекол дека нашето време не бара завештатели, туку бара сведоци. Да се договориме на потребите на Црквата во наше време значи радосно да го овоплотиме Евангелието кое повеќе се гледа, отколку што се слуша. Нашите современици набљудувајќи го нашиот живот како таков треба да откријат во нашата појава Радосна вест. Многумина денес толку многу се загрижени и оптпварени да навистина неискажливата потреба е да таквите ги утешиме со радоста. Таа радост која ние во себе ја носиме е Евангелска светлина. Црквата во денешно време не треба духовно лице: сввештеник или чесна сестра со смркнат или намрштен поглед и тажно лице. Црквата очекува од нас сведоштво дека како духовни лица во евангелското светло сме нашле смисла и радост на својот живот.

Второт, во денешната литургија учиме да бидеме пророци, а според природата пророк не е претскажувач на идните настани, туку навестител на искуствата кои во себе ги носиме и со нив отвораме пат кон иднината. Сиемеон го држеше Исус во рацете и така му навести спасение на Израилот. Ние ако го немаме Исус во себе, како можеме да го дадеме на другите, ако самите не го поседуваме. Секоја посветена личност е Богоносител и Богодаровател, но оној Бог и онаков каков во себе го носиме. Да се запрашаме самите себе: Каков Бог луѓето препознаваат во нас? Конечно, наша задача во современото општество и Црква е оптимизмот – надежта. Тоа е една од најомилените теми на нашиот Папа денес: Христијанинот е човек на надежта? Знаете кога ќе има повеќе звања? Кога ќе ја дишиме евангелската вистина, пророчката сила, силната надеж дека историјата не ја гради човекот, туку ја гради Бог. Да се предадеме великодушно на Бога и Црквата и да се вградиме во тој поубав свет и да ја навестиме надежта која е во нас и остварена и видлива. Заради тоа централниот одбор оваа година и смееше да препорача три темелни збора кои нѐ инспирираат: евенгелие, пророштво, надеж. Кого го гледаме во оваа сцена дека тоа го остварил? Јасно, Блажена Дева Марија. Нека таа нѐ заговара да тоа што го посакуваме да можеме да го живееме и сведочиме. Амин.

к.мк

За авторот