Популарна новинарка ја остава успешната кариера и влегува во манастир

Една од највлијателните политички новинарки на ББС Мартина Пурди (Martina Purdy) објави дека го напушта новинарството и влегува во контемплативна монашка заедница.

„Здраво. Го напуштам БиБиСи. Тоа е мојата изјава. Бог да ве благослови“ така Мартина Пурди, една од најпознатите новинарки на ББС објави на Твитер дека ја напушта новинарската професија за да стане монахиња.

Пурди работеше 25 години како новинарка, најпрво како уредник во Белфаст Телеграф, а потоа во ББС и околу 15 години била нивен главен експерт за мировниот процес во Северна Ирска, која редовно го следела и за него известувала. Нејзиното заминување од ББС е големо изненадување, па дури и шок за многумина. Сепак таа е новинарката, која некогаш беше една од главните „звезди“ од политичката редакција на ББС и претставувала голем авторитет по прашањето за ситуацијата во Северна Ирска.

Во својата објава на Твитер Пурди се заблагодарила на нејзините поранешни колеги  и на новинарските куќи за кои работеше и додаде како „разбира дека ќе има луѓе кои нема да ја разберат нејзината одлука“.

„Тоа е одлука која не ја донесов лесно, но ја донесов со љубов и голема радост. Ве молам да се молите за мене додека тргнам на овој пат на понизност, вера и надеж“, порача Пудри и воедно се замоли за нејзината приватност како и за приватноста на монашката заедница во која ќе влезе.

Таа ќе биде дел од Сестрите на Евхаристиското обожавање, контемплативни монахињи кои имаат свој манастир во Белфаст. Во неделата Белфаст Телеграф објави фотографии од Пурди како со своите сестри излегува од манастирот и оди на света Миса во најблиската црква.

Исто така во неделата, Пурди објавила на својот Твитер профил дека се заблагодарува на сите оние кои и дале поддршка.

„Ви благодарам за вашата великодушност. На оние од мојата вера, на оние од другите вери, на оние кои Го бараат Него и на оние кои се обидуваат да Го игнорират. Бог да ве благослови“, напишала Пурди.

Битно нет/З.А.

За авторот