Пронајди ја смислата на Божиќ во тишината и мирот, не обратно

Каква била она посебна ноќ кога се родил нашиот Бог? Знаеме дека на небесата се славело овоплотувањето на Бог Кој се родил како човек. Но, таа света витлеемска ноќ била пред сè завиткана со мир и тишина. Кога би можеле да ги прашаме луѓето од тоа време како го замислувале раѓањето на Месијата, сигурно би го сместиле во раскошна палата, златна колевка. Најдобрите музичари би ја изведувале најдобрата музика каква што човекот може воопшто да ја создаде, најдобрите кувари би ги подготвиле највкусните јадења во негова чест, безбројните наздравувања би му посакале долг живот и здравје… сè најдобро и најсвечено би им сугерирала нивната човечка логика и ништо не би било премногу за таков настан.

Во ноќта која што овој свет го променила засекогаш сепак сè било целосно поинаку. Царот се родил на најскромното можно место речиси недостојно за раѓање на човечко битие – скромна штала – положен во јасли наместо во колевка. Неговото раѓање се случило во света тишина, не го славел светот, а единствените воскликнувања беа восклиците на срцата на Марија и Јосиф кои со најдлабока љубов и почит го гледале заспаното дете сигурно прашувајќи се: Што ни донесуваш нам детенце?(…) Божјата логика се покажала дијаметрално спротивна на човечката – таа се одлучила за скромност, зајдисонце и тишина.

Денес два милениума подоцна и покрај тоа што можеме да ја спознаеме и сфатиме пораката која ни е испратена преку околностите на раѓањето на Божиќ, светот сè уште ја следи онаа човечка логика која зборува дека е достојно и соодветно одбележувањето во вревата, сјајот и раскошот. Токму сè спротивно од онаа ноќ чие значење сè повеќе формално, а сè помалку суштински го одбележуваме.

Денешниот свет го тресе предбожиќно и божиќно лудило, но го изгибил лудилото на љубовта кон Христос. Фанатично се купуваат сѐ повеќе светилки со кои се украсуваат домовите, дворовите и улиците, а се гаси она поважното светло, светлото во човечките срца запалено таа прекрасна витлеемска ноќ. (…) Божиќ на кој што се слави раѓањето на Детето Исус стана политички некоректен, во западниот свет сведен на X-mas, неработен ден кога се кити елката и се купуваат подароци, се собира семејството и повикуваат пријатели, атмосферата се напумпува со љубов која некако успеала да ја исфрли Љубовта само како некој непотребен вишок. Иронично е да се слави нешто на што светот од петни жили се труди да му ја одземе смислата.

Што правиш ти во однос на ова прашање? Подлегнуваш ли на новите премолчани правила и по принципот брзо, повеќе, почесто ги посетуваш местата кои те оддалечуваат од вистинскиот Божиќ во најголема можна мерка? Наместо на деветница за Божиќ се одлучуваш за девет дена посета на продавници, така што ништо да не ти недостасува. Ги воведуваш ли своите деца во поревна молитва тие денови, ги водиш ли на света Исповед и на света Литургија или тие тебе те водат до блескавите центри за да бидеш потполно сигурен дека ТИ, а не малиот Исус ќе им го купи токму оној подарок кој го посакале.

Како да се вратиш на вистинскиот Божиќ? Не мора да одиш премногу далеку. Доволно е да се присетиш на некој Божиќ од твоето детство, мистично исчекување на светата Литургија додека ги слушаш црковните ѕвона, тогаш навистина единствениот звук кој го нарушувал блаженството на тишината во тивката ноќ, полугласните молитви на Бројаницата на твојата баба со исклучен телевизор… и мир, мир каков што најверојатно повеќе никогаш не си исклусил во својот живот и кој зборувал повеќе од било која врева и галама, славење и песни.

Им пружиш ли на децата такви спомени какви што ти носиш? Не заборавај ти си оној кој ќе ја исткае ткаенината на нивните спомени, ти го одредуваш тонот, ти сè уште си главниот актер во нивните приказни и токму ти си тој кој не смее да дозволи Исус во таа приказна  да стане само украс и спореден лик. Многумина тоа го дозволиле, немој и ти!

Подготви се. Направи генерално чистење, но на нечистотијата на своето срце. Обиди се да ги измиеш од себе сите стремежи и амбиции, да ја тргнеш зависта, да ја сотреш злобата, справи се со лагите, тргни ги неискрените насмевки… сè баш сè по примерот на Новородениот на кој што на тој начин можеш да му пријдеш поблиску од било кога.

Обиди се да го пронајдеш во себе она најдоброто – без разлика колку длабоко е затворено во нас – извлечи го надвор на површината и дозволи да нè совлада целосно… и тука да остане. Достојно за Детето. Следејќи го патот и светлото на онаа витлемска ноќ, ќе ја пронајдеш смислата на Божиќ. Осносно Божиќ ќе биде тој кој ќе те пронајде – тебе.

Николина Накиќ/Гласник Мира/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот