Во Манилската надбискупија на 29 ноември ќе започне „Годината на сиромашните“

Два месеци пред посетата на папата Фрањо на Филипините, во јануари 2015 година, во Манилската надбискупија, во очи на првата адвентска недела, 29 ноември, ќе започне ‘Годината на сиромашните’, под наслов „Стани и оди“. Претседателот на Одборот за одбележување на таа година, патер Лука Муртгат, објасни дека во рамките за подготовка на 500-годишнината од присуството на христијаните на Филипини, односно за јубилејот кој ќе се прослави во 2021 година, следната литургиска година ги повикува верниците да се залагаат за сиромашните во општеството.

Ќе се потсетиме дека и Исус живееше сиромашен живот, немаше ниту камен под главата наместо перница, но одеше по светот правејќи добри дела – рече патер Муртгат и објасни дека отстранувањето на сите причини на сиромаштвото е задача која Црквата сама не може да ја реши; затоа неопходно е секој да придонесе за неговото искоренување. Се надеваме дека во овој потфат ќе се вклучат парохиите, училиштата, црковните канцеларии, монашките конгрегации, католичките организации, сите видови на компании, невладини организации и движења. Сите се повикани да соучествуваат – истакна на крајот патер Муртгат.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот