Свети Иван Павле II за љубовта: Зошто се разочаруваме и како да го избегнеме тоа

Како оној вистинскиот се покажа толку погрешен? Многу млади луѓе го имале искуството на чувството на заљубеност во некој кој отпрвин изгледал едноставно прекрасен, за подоцна длабоко да се разочара од тој човек, од врската, можеби дури и од спротивниот пол во целина. Во својата книга Љубов и одговрност Иван Павле II тогаш Карол Војтила објаснува зошто тоа често се случува на мажите и жените и како можеме да избегнеме такво разочорување во иднина.

Повеќе од физичка привлечност

Порано размислувавме за еден силен аспект на привлечноста помеѓу мажот и жената: страста. И видовме дека таа физичка привлечност често обележана со желбата да се ужива во телото на другиот како со објект на задоволство.

Сепак постои и друг вид на привлечност која оди понатаму од физичката желба за телото. Војтила тоа го нарекува чувствителност. Таа претставува повеќе емоционална привлечност меѓу половите.

На пример кога момче ќе види девојка со тоа што ќе го забележи нејзиниот добар изглед, можеби исто така ќе го привлече и нејзината женственост, нејзината топлина, нејзината нежност – или како што тоа Војтила го нарекува, нејзината женска убавина. Слично на тоа, кога девојка ќе запознае момче таа можеби нема само да забележи дека е згоден, туку можеби исто така ќе има силни чувства на восхитување кон неговата машкост, неговите крепости, начинот на кој се однесува – или како што тоа Војтила го нарекува, неговата сила.

Таквите емоционални реакции кон луѓето од спротивниот пол се случуваат постојано. Можат да се развијат постепено помеѓу мажите и жените или можат да се случат во истиот момент кога тие двајца ќе се сретнат. Можеме да почувствуваме сентименталната наклонетост кон сопружникот, соработникот или кон долгогодишниот пријател. Или можеме да почувствуваме кон човекот кој ќе го престават на некој состанок, странец кој ќе го сретнеме во трговскиот центар или дури измислениот лик кој го гледаме на телевизија.

Чувствителноста може да стане дел од патот кон вистинската љубов. Но, ако не сме внимателни, нашите чувства лесно можат да нè заробат на начин на кој ќе нè спречат вистински да ги сакаме другите луѓе.

Бродот кој тоне

Љубовта би требало да ги содржи нашите чувства. Во својот најпотполен облик љубовта не би требала да биде ладна, пресметана одлука, отуѓена од чувствата. Ситуација во која сопружникот вели: „Душо те сакам. Немам никави чувства кон тебе, но знај дека сум посветен на тебе,“ не е многу идеална. Нашите чувства би требало да бидат дел од нашата приврзаност кон саканата личност, за да го збогатуваме односот и би ни дале уште подлабоко искуство на заедништво со другата личност (стр 73). Како што Војтила објаснува: „Љубовта со чувства ги држи двајцата луѓе во близина, им зборува дури и ако се физички меѓусебно одделени – да не престанат да се движат намерно во својот круг… Човекот се движи во таа атмосфера и на тој начин се задржува постојано во близината на личноста со која го поврзува љубовта со чувства“ (стр. 107)

Сепак, Војтила се грижи што луѓе денес често под поимот љубов мислат само на чувствта. Неговата загриженост изгледа уште и разбирлива во ова наша култура која во љубовните песни, романтичните филмови и ТВ сериите постојано играат на нашите чувства и будат во нас копнеж за брзи, емоционални возбудливи врски како оние што се случуваат во Ryan Gosling и Rachel McAdams.

Вистинската љубов пак е многу различна од холивудската љубов. Вистинската љубов бара многу труд. Таа е крепост која вклучува жртва, одговорност и потполна преданост на друга личност. Холивудската љубов е чувство. Тоа е нешто што ти се случува. Овде фокусот не не на преданост на друга личност, туку на она што се случува внатре во тебе – на силните позитивни чувства кои ги имаш кога си со таа личност.

Феноменот во филмот Титаник од доцните деведесетти години покажува како многу луѓе паднаа на илузијата на холивудската љубов. Милиони млади Американци секогаш одново го гледаа филмот за да ја доживеат силната емоционална романса помеѓу двајцата главни ликови во филмот – романса која се развива помеѓу двајца луѓе кои всушност не се познаваат и не се вистински посветени еден на друг, но тоа на гледачите им изгледа како идеална љубов која би траела целиот живот. Со таковиот пример кои би требало да го наследуваме не е ниту чудно што многу наши врски во реалниот живот завршуваат со бродолом.

Секако нашите чувства можат и би требало да бидат дел од љубовта која е длабока развиена. Но, кога ќе нè понесат чувствата завршуваме со избегнување на многу важно прашање кое е клучно за долгорочната стабилност на врската: прашањето за вистината. Најпрво и пред сè останато мораме да ја видиме вистината за другата личност и вистината за квалитетот на нашиот однос со неа.

Избегнување на прашањето за вистината

Една од опасностите на мерење на нашата љубов, нашите чувства лежи во тоа што нашите чувства можат да бидат многу лажни. Навистина, Војтила вели дека чувствата сами по себе се „слепи“ бидејќи нив не ги интересира откривањето на вистината за другата личност. Затоа нашите чувства самите за себе не се добар компас по кои ќе постапуваме во својата врска.

Тој објаснува, да ја откриваме вистината служејќи се со својот разум. Знам дека 2+2=4 не затоа што чувствувам дека е еднакво на 4. До уверување во таа вистина дојдов со својот разум. Нашите чувства од друга страна немаат задача за барање на вистината, вели Војтила.

Затоа нашите чувства нема да бидам многу корисен водач за да ја видиме вистината за другата личност и вистината за односот. „Чувствата се јавуваат на спонтан начин – оттаму и наколонетоста кон одредена личност неретко расте оддеднаш и неочекувано – но, таа реакција всушност е „слепа“ (стр.72)

Тоа станува посебно јасно кога ќе разгледаме што се случило со нашите чувства после падот. Пред гревот да влезе во светот, човечкиот разум лесно ја насочувал човечката волја да го избере тоа што е добро и да ги управува своите чувства за неговите страсти да бидат насочени кон доброто.

Но, по падот разумот повеќе не ја гледа јасно вистината, волјата е ослабена во својата одлука да оди за доброто, а нашите чувства не се повеќе уредни и препуштени се на движење во разни правци. Затоа сега доживуваме многу нестабилности на подрачјето на чувствата и многу хаотични подеми и падови (љубов-омраза, надеж-страв, радост-тага итн.) во своите животи. Па сепак прилично иронично современото сфаќање за љубовта зборува всушност да се свртиме кон своите „чувства“ – да погледнеме во самиот центар на тој емоционален луна парк – за да ја пронајдеме непогрешливата мерка на нашата љубов. Не е ниту чудно што денес во нашите односи постои толку конфузија и нестабилност!

Дали тоа навистина е така?

Понатаму, не само што чувствата немаат задача да ја бараат вистината, туку тие можат да бидат толку силни да го замаглуваат начинот на кој мислиме за некој човек. Војтила објаснува дека кога сме понесени од чувствата, чувствителноста може да ја оштети нашата способност да ја запознаеме таа личност онаква каква што таа е навистина.

Затоа Војтила нагласува дека во секоја емоционална привлечност прашањето на вистината за личноста е клучно: „Дали тоа навистина е така?“ Треба да се запрашаме: „Дали тој или таа ги има навистина тие доблести и квалитети кои ме привлекуваат?“ „Дали ние навистина сме на добар пат како што јас чувствувам дека сме?“ „Дали тој или таа е достоен или достојна за мојата доверба?“ „Дали постои во нашиот однос проблем што го занемарувам?“

Нашите чувства не ги решаваат овие важни прашања. Всушност, нашите чувства често нè поттикнуваат да ги избегнуваме овие прашања, оставајќи нè со искривена и претерана слика за некоја личност.

„Всушност, затоа веќе наклонетоста (…) е толку важен момент на вистината за личноста кон која наклонетоста се свртува. Меѓутоа, треба да сметаме со тоа дека постои тенденција родена од целокупната динамика на емоционалниот живот која наведува моментите на вистината да се свртат од предметите на наклонетост, од личноста за да се свртат кон субјектот, поточно кон самите чувства. Во тој случај не се мисли на тоа дали личноста навистина ги поседува оние вредности кои на неа во наклонетост се забележуваат, туку пред сè на тоа дали чувството кое се родило под нејзината адреса е вистинско чувство.“ (стр.73)

Повторно тоа не значи дека чувствата се лоши. Но, тие не можат да бидат примарниот критериум за спознавање на правилната вистина за другата личност или за јасно вреднување на некој однос.

Несразмерно

Таа тенденција нашите чувства толку да нè занесат, да го избегнуваме прашањето за вистината, карактеристична е за сентименталната љубов. Склони сме да ја преувеличуваме вредноста на личноста за која нешто чувствуваме, смалувајќи ги нејзините мани и игнорирајќи ги сите проблеми кои ги имаме во врската.

Овде Војтила одлично забележува во колкава мера нашите чувства можат да го контролираат нашето сфаќање за личноста која толку нè привлекува. „Во видното поле на личноста која е зафатена со чувства во однос на друга личност вредноста на предметот на нејзината љубов во огромна мера се разликува; обично тоа е несразмерно со неговата вистинска вредност.“

Дали воочивте? Војтила не вели дека во почетните стадиуми на емоционалната љубов понекогаш можеме да ја преувеличаме вредноста на личноста. Тој вели дека тоа се случува обично – ние тоа постојано го правиме! И тој не вели дека само незначително сме склони да ја преувеличаме вредноста на личноста. Склони сме да ја идеализираме вредноста на личноста „несразмерно“ на она што тој или таа се во реалноста!

Заради тоа, мораме да влегуваме во врска со ширум отворени очи. Ако наивно кажеме дека воопшто не идеализираме друга личност, тоа веројатно е знак колку веќе далеку сме летнале од реалноста. Во тие почетни стадиуми на љубовта, ако така брзо ги забележиме нашите омилени три или четири квалитети во нашиот сакан, би требало истотака толку брзо да признаеме дека веројатно паѓаме во искушение да ги преувеличуваме тие квалитети. Како што Војтила објаснува: „Во предметот на љубовта се „вметнуваат“ различни вредности – вредности кои тој самиот не мора нужно да ги поседува. Тоа се идеални, а не реални вредности.“ (стр. 109).

Зошто сме склони да ги идеализираме оние кои нè привлекуваат? Тие „идеални вредности“ се она што со целото свое срце копнееме еден ден да ги најдеме во друга личност. Тие постојат во нашите најдлабоки желби, копнежи и сонови. Кога најпосле ќе запознаеме некого со кој постои макар мал показател на хемија, нашите чувства се стремат кон повикување на тие идеални вредности и нивна проекција на таа личност.

 Емоционално искористување на луѓето

Кога ќе кажеме дека мажот ја искористува жената обично мислиме на искористување за сексуално задоволство. Но, Војтила истакнува дека мажите и жените можат да се искористуваат едни со други и за емоционално задоволство. Маж и жена кои се побожни христијани можат да одат во потполна чистота, а сепак да се искористуваат еден со друг за „добрите чувства“ кои ги доживуваат кога се заедно, за емоционална сигурност кој им го пружи фактот дека се во врска или за задоволството кое им пружи замислување на нивната венчавка со таа личност и надеж дека таа личност ќе биде „онаа вистинската.“

Ако паднам во такво сентментално идеализирање, тогаш мојот сакан не е навистина воедно и примател на мојата наклонетост. Тогаш другата личност е голема можност јас да уживам во тие силни емоционални реакции кои се будат во моето срцето. Во тој случај, јас не ја сакам вистински таа личност заради неа самата, туку ја искористувам за емоционално задоволство кое доаѓа од тоа што сум со неа. Како што Војтила објаснува саканата личност која ја идеализираме „претставува често само можност во емоционалната свест на субјектот да се случи вистински да се скршат оние вредности со кои во другата личност тој субјект го држи со целата душа (стр. 109)

Разочарување

Можеби најтрагичниот ефект на емоционалното идеализирање на личноста се гледа во тоа што на крајот воопшто не ја запознаваме личноста која толку нè привлекува. На пример, мажот во својата емоционална љубов може да се труди да биде близу до својата сакана, да поминува многу време со неа, да ја држи за рака, па дури и да оди со неа на Литургија и да се моли со неа. Па сепак, ако тој ја идеализира, тој во реалноста останува прилично одделен од неа – бидејќи силната наклонетост која тој ја чувствува кон неа не зависи од нејзината вистинска вредност, туку од „идеалните вредности“ кои тој ги проектирал на неа.

Неизбежно е таа емоционалност на која им обрнуваме внимание дека ќе заврши со големо разочарување. Бидејќи кога вистинската личност не би можела да одговори на идеалите, силните чувства ќе започнат да се намалуваат и нема да остане многу од тоа на што врската би опстанала. Субјектот на љубовта прилично ќе се разочара во предметот на својата љубов (стр.110) Затоа дури и ако парот надоврешно остава впечаток дека емоционално се блиски еден со друг, всушност ќе останат некако меѓусебно одвоени (стр.110). Можеби ниту се познаваат еден со друг на лично ниво и можеби дури и меѓусебно се искористуваат за емоционално задоволство кое доаѓа од таквото идеализирање.

Превод: Л.Ќ.|Битно нет/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот