Се повеќе туристи и ходочасници ја посетуваат Светата Земја

Се повеќе туристи и ходочасници ја посетуваат Светата Земја

Сè повеќе туристи и ходочасници одлучуваат да ја посетат Светата Земја, во 2019 година имаше еден милион посетители повеќе од претходната година. Овој избор е голема утеха зa христијаните кои живеат во Израел и Палестина, а исто така ја подобрува и нивната економска состојба.

За време на штотуку завршената 2019 година, Светата Земја беше посетена од еден милион туристи и ходочасници повеќе од претходната 2018 година. Тоа го објави министерството за туризам на Израел и Палестина, кои во исто време го потврдуваат зголемениот интерес за наследството на нивата земји. Израелското министерство за туризам зборува за повеќе од 4,5 милиони посетители,односно 10,6% повеќе од 2018 година. Најпосетени се градовите Ерусалим и Тел Авив.

За нас е голема радост да ги примаме сите овие луѓе кои доаѓаат да ги посетат местата на Светата Земја – објаснува Лурдинха Нунес, новинарка во Христијанскиот медија центар во Ерусалим. Меѓутоа, тоа бара и нова организација на главните базилики. На пример, Базиликата Благовештение се затвора во 21 часот, додека базиликата Раѓањето на Исус, во Витлеем, го продолжи времето за посетителите во однос на претходно, сега е отворена до 20 часот, со тоа им се овозможува на ходочаниците да имаат повеќе време за молитва и посета на местото каде Исус се родил.

Важна помош за христијаните

Присутноста на ходочасниците станува важна за малата христијанска заедница во Светата Земја. Нивното присуство – истакна новинарката – ги охрабрува нашите психолошки христијани, а помага и во економската состојба. Туристите, пред да се вратат дома од нив купуваат сувенири, што им помага на многу семејства за да преживеат.

Ходочасниците – фактор за мир

Присуството на ходочасниците, исто така станува неопходно за одржување на мирот на тие места. Се надеваме дека бројот на ходочасниците и понатаму ќе се зголемува, и ќе се осмелам да кажам дека самите ходочасници се фактор за одвраќање од евентуални директни облици на – вели отец Франческо Патон, кустос на Светата Земја, во разговор за Христијанскиот медија центар. Се надевам и се молам верниците да продолжат да доаѓаат во Светата Земја, нешто како Тројцата мудреци, водени од ѕвездата, во лична потрага, но исто така пратени со Божјите зборови, како би се сретнале со Исус – истакна кустосот Патон.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот