Сестра Кончета одликувана од папата Фрањо

Сестра Кончета одликувана од папата Фрањо

На крајот од Генералната аудиенција во среда 27 март 2019 година одржана на плоштадот Свети Петар папата Фрањо на мисионерката во Африка сестра Марија Кончета Есу и врачи Папско одликување во знак на почит и благодарност за 60 години поминати во служба на животот на африканскиот континент.

Сестра Марија Кончета од монашката заедница на Дружбата на ќерките на свети Јосиф од Генони, по потекло од Сардинија, има 85 години скоро 60 години е мисионерка во Африка, каде служи како бабица. „Ја сретнав во Централноафриканската Република, кога бев таму да го отворам Јубилејот на милосрдието. Таму ми кажа дека во својот живот помогнала на илјадници деца да дојдат на свет“ – рече Папата во своето обраќање. Светиот Отец по тој повод на мисионерката ѝ додели Папско признание. „Драга сестро, во мое име и во име на целата Црква ви го доделувам ова признание. Тоа е знак на нашата љубов и благодарност за целата ваша работа меѓу сестрите и браќата во Африка, во служба на животот, децата, мајките и семејствата – рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот