Папата: Научното истражување насочено кон човекот е од суштинско значење во здравството

Папата: Научното истражување насочено кон човекот е од суштинско значење во здравството

Во понеделник, 18 декември 2023 година, папата Фрањо се сретна со делегација од болницата Франческо Миули во италијанската провинција Бари, на југот на Италија, заблагодарувајќи им се за нивните напори да обезбедат здравствена заштита на мигрантите и да обезбедат обука за студентите по медицина.

Место кое ги спојува христијанското вдахновение со професионалноста и клиничката и технолошката иновација, која ја става личноста во центарот и промовира научно истражување – тоа е за папата Фрањо – болницата Франческо Миули во Аквавива дел Фонти, во провинцијата Бари, во јужно од Италија, црковно тело, основано пред девет века за да им понуди гостопримство и помош на болните и сиромашните.

Светиот Отец ја прими делегацијата на болницата Франческо Миули во Аквавива дел Фонти во салата за конзистоиуми во Апостолската палата. Тој објасни дека токму примарното внимание фокусирано на болните, што ја карактеризира нивната институција, го одразува повикот на Исус да се грижат еден за друг: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“.

Човечката личност во центар во здравствената заштита

Зборувајќи за централноста на човечката личност, папата Фрањо рече дека болничкиот персонал треба да им помогне на луѓето кои имаат потреба да им се обезбеди место кое е добредојдено и безбедно и каде што ќе најдат засолниште.

Вашата мисија ве направи динамична реалност која постојано расте, нагласи Римскиот бискуп, што го потврдува начинот на кој често ја обновувате грижата што ја давате, како и болничката установа, со цел на пациентите да им понудите поцелосна здравствена услуга.

Светиот Отец изрази благодарност за неодамна отворената клиника за мигранти, која е формирана заедно со Каритас на надбискупијата Бари-Битонто.

Создавање нови циклуси на истражување и грижа

Папата потоа ја пофали посветеноста на болницата Франческо Миули за научни истражувања, во соработка со различни италијански универзитети.

Работата на болницата за обука на идни лекари и медицински сестри, посочи, дава можност најдобрите локални таленти да не емигрираат, додавајќи дека иселувањето е проблем што ги осиромашува нашите земји.

Исто така, ги пофали нивните напори да поттикнат други професионалци на високо ниво да дојдат и да работат во Италија, поттикнувајќи збогатена размена на вештини со пошироки хоризонти.

Светиот Отец им се заблагодари на персоналот на болницата Франческо Миули во Бари за постојано подобрената здравствена заштита што ја создале за доброто на заедницата и пациентите, а во исто време се грижат за квалитетот на услугата и што обрнуваат внимание на луѓето. Ви благодарам за тоа што го правите и ве охрабрувам со ентузијазам да продолжите по тој пат, рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот