Генерална аудиенција: Постарите луѓе ги спасуваат младите да не го запознаат светот без мудроста на животот

Генерална аудиенција: Постарите луѓе ги спасуваат младите да не го запознаат светот без мудроста на животот

Папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 25 мај 2022 година ги повика постарите да негуваат страст за правда. „Постарите луѓе богати со мудрост и хумор прават многу добро за младите! „Тие ги спасуваат од искушението на тажното познавање на светот лишен од мудроста на животот“, рече Светиот Отец.

Во срцето на денешната катехеза, посветена на важноста на староста, Папата се осврна на книгата Проповедник, истакнувајќи дека е невообичаено да се најде стих во Светото Писмо како што е: „сè е суета“ (Проповедник 1,2), што изгледа како да ја приспитува смислата на постоењето.

Но, како што објасни Папата, Проповедникот – инаку слободен превод на хебрејскиот збор „qohelet“ (кохелет) – осцилира помеѓу смислата и бесмислицата во потрагата по знаење за животот и се колеба околу бесмислицата кога бара знаење одвоено од, како рече Папата, страста за правда. Проповедникот, додаде Папата, ја завршува Книгата со упатства како да се излезе од оваа замка: „Бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто сето тоа е за човекот“ (Проповедник 12,13).

Светиот Отец рече дека секој од нас бил во искушение на рамнодушност кога видел дека нашите напори се залудни, а реалноста како да претвори сè – и добро и лошо – во ништожност. Тој додаде дека „еден вид негативна интуиција“ особено ги искушува постарите луѓе, што може да доведе до разочарување.

Одлучувачка улога на постарите

Отпорот на постарите луѓе на обесхрабрувачките ефекти на разочарувањето е клучен. Ако постарите, кои сега виделе сè, ја задржат својата страст за правда, тогаш има надеж и за љубовта како и за верата, нагласи папата Фрањо. Нашиот модерен свет, продолжи тој, верува дека може да мери и манипулира со сè, што пак води до колективно поткопување на смислата, љубовта и добрината, што ни ја одзема волјата за дејствување.

Вистината без дејствување доведува до парализа на душата

Во продолжение на катехезата Светиот Отец се осврна на тоа зошто знаењето одвоено од делувањето е многу штетно за човекот. Наводната „вистина“, која се сведува на забележување во светот, бележи и рамнодушност кон спротивностите и ги предава, без откуп, на текот на времето и на судбината на ништожноста. Во оваа форма, обвиткана во замките на науката, но и многу бесчувствителна и многу неморална, модерната потрага по вистината е во искушение да ја напушти својата страст за правда. Повеќе не верува во својата судбина, во своето ветување, во своето откупување, рече Папата.

Модерната култура, рече Папата, ги комбинира знаењето и неодговорноста во обид да го одземе моралното влијание на нашите постапки и нè води по патот на „парализа на душата“.

Проповедникот го нарекува ова искушение „делириум на сезнајноста“, нешто што раните монаси на Црквата го нарекуваа „ацедија“ или „предавање на знаењето на светот без никаква страст за правда и последователно дејство“.

Животната мудрост е во застој

Попуштањето на таквото искушение, предупреди Папата, ја отвора вратата за „агресивните сили на злото“ во форма на идеологии. Тоа се сили на лудиот разум, цинични поради вишокот на идеологија. И покрај нашиот напредок и просперитет, ние навистина станавме „заморено општество“, рече Папата. Требаше да создадеме општа добробит, а толерираме научно селективен здравствен пазар. Требаше да поставиме непремостлива граница на мирот, а гледаме сѐ повеќе безмилосни војни против беспомошни луѓе. Науката напредува, се разбира, и тоа е добро. Но, животната мудрост е сосема друга работа и се чини дека е во застој, рече папата Фрањо.

Ваквиот не-афективен и неодговорен разум ја одзема смислата и енергијата од познанието на вистината. Не е случајно што нашата ера е на лажни вести, колективни празноверија и псевдонаучни вистини, рече Петровиот наследник.

Постарите ги спасуваат младите од световното знаење без животна мудрост

Како заклучок, папата Фрањо ги повика постарите да им помогнат на помладите генерации да се оттргнат од заблудата за вистина на умот без желба за правда. Постарите луѓе богати со мудрост и хумор прават многу добро за младите! Ги спасуваат од искушението на тажното познавање на свет лишен од мудроста на животот, истакна Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот