Апели на Папата по молитвата Ангел Господов

Апели на Папата по молитвата Ангел Господов

По молитвата Ангел Господов во неделата на 19 септември 2021 година папата Фрањо ги спомна жртвите од поплавите во Мексико, се молеше за неправедно затворените и упати поздрав до учесниците на прославата на 175 годишнината од Објавата на Пресвета Богородица во светилиштето La Salette во Франција.

Пред завршните поздрави од кој еден беше упатен до Словаците со кои неодамна се сретна на своето последно апостолско патување, Папата изрази близина на жртвите од силните поплави во Мексико, посебно на настраданите болни во болниците во Тула и до членовите на нивните семејства. Се молеше и за луѓето кои неправедно се затворени во странски земји да можат брзо да се вратат во татковината.

На крајот повторно ја спомна Блажена Дева Марија: „Ги поздравувам сите оние кои се собраа во светилиштето La Salette во Франција, во спомен на 175 годишнината од објавата на Пресвета Богородица која со солзи во очите се објавила на едно момче и едно девојче. Солзите на Марија потсетуваат на Исусовите солзи над Ерусалим и неговата вознемиреност во Гетсиманија: се одраз на Христовата болка заради нашите гревови, и секогаш актуелен е повикот да се доверуваме на Божјото милосрдие.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот