Папата Фрањо: Христијански причини да се зачува созданието

Папата Фрањо: Христијански причини да се зачува созданието

Нешто повеќе од четири години по енцикликата „Лаудато си“, и коинцидирајќи со последните денови на Синодата за Амазонија, од печат излезе книга која содржи текстови и говори на папата Фрањо за животната средина за да го објасни христијанскиот поглед на екологијата

Од денес, книгата со наслов „Нашата Мајка Земја. Христијанско толкување на предизвикот во животната средина“, објавена од издавачката книжарница на Ватикан ги сумира текстовите за животната средина на Папата, вклучително и уште еден необјавен, како и предговорот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, во кој се спомнуваат периоди на нивната соработка, особено во пораките по повод Светскиот ден на молитвата за грижа за создадениот свет, основан во 2015 година. која ги обединува Католичката црква и Православната црква во заедничка загриженост за иднината на создаденото.

Единство во човечкото семејство

Во првото поглавје, насловено „Целосна видување“, беа избрани неколку текстови, најмногу од енцикликата „Laudato si“, кои ја покажуваат потребата да го заштитиме нашиот заеднички дом преку единството на целото човечко семејство, во потрага по одржлив и целосен развој. Оваа претпоставка е опфатена во поглавјето под наслов „Од епохален предизвик до глобална пригода“, преку анализа на некои пасуси на енцкликата на Папата за сегашната состојба на животната средина, според кои загадувањето, глобалното затоплување, климатските промени и загубата на биолошката разновидност се резултат неконтролирана експлоатација, која уште повеќе ќе се зголемува ако насоката не се промени на краток рок. Потребна е еколошко преобраќање – забележува Папата – што е можно преку промовирање на вистинско еколошко воспитување. Тоа, особено кај младите луѓе, ќе ја разбуди свеста како и обновената совест.

Заштита на создадениот свет и правото на живот

Делот од книгата, во кој има говори, аудиции и проповеди, покажува дека папата Фрањо не ја избегнал, уште од раните денови на папството, итната потреба да се соочи со проблем што повеќе не може да се одложи. Станува збор за заштита на огромниот дар што Бог му го дал на секое живо суштество, но особено на човекот. Користејќи ги зборовите од Книгата Битие, Папата посочува дека заштитата на создадениот свет и заштитата на човечкиот живот се длабоко поврзани и неразделни.

Зборовите на Папата се постојани повици за право на живот, право кое доаѓа  преку зборовите како одговорност, правда, еднаквост, солидарност. Покрај тоа, тој бара слободен пристап до богатството на Земјата, неопходно за живот, а меѓу првите е водата, без никаква дискриминација меѓу луѓето.

Духовно толкување на екологијата

Во досега необјавениот текст со кој завршува книгата Наша Мајка Земја, папата Фрањо го подига погледот и го насочува во височината за да ни даде на сите нас поширок поглед на проблемот кој едноставно не е само грижа за животната средина. Таа не може да се спореди со лаичкото видување за екологијата, иако тие имаат многу заеднички гледишта. Папата, во многу духовно размислување, ја развива таканаречената теологија на екологијата.

Божјата љубов во центарот на сè

Создадениот свет е плод на Божјата љубов. Божјата љубов кон секое од неговите суштества, а особено за човекот на кого го дарувал создадениот свет, место каде што сме повикани да откриеме одредено присуство. Ова значи дека човечкиот капацитет за заедништво ја условува состојбата на создадениот свет (…) Затоа, судбината на човекот ја одредува судбината на целиот свет – пишува папата Фрањо.

Врската помеѓу човекот и сè што е создадено живее во љубов, а таа се распаѓа ако ја нема и ако човекот не го признае дарот што му е даден. Неодговорното користење на природното богатство за да се акумулира моќ и богатство, и тоа само во рацете на малку луѓе, создава нерамнотежа што го уништува светот и самиот човек.

Структурите на гревот

Папата Фрањо, според тоа, се прашува дали, напротив, оваа криза во животната средина може да биде можност да се погледне назад, да се избере живот и со тоа да се преиспитаат економските и културните модели, постигнувајќи правда и меѓусебно споделување, каде што секое човечко суштество може да ужива подеднакво достоинство и еднакви права.

Нашето време ја заборави активната и отворената димензија на постоењето и ја фаворизираше димензијата на поседување што води до затворање, во кое некој ја дефинира и препознава само во мерка на неговите материјални добра, како на пример оној кој нема ништо и е во опасност да го изгуби и своето лице, затоа што „исчезнува“, станува еден од оние невидливи со кои се полни  нашите градови – забележува папата Фрањо, цитирајќи ги зборовите на Иван Павле II и истакнува дека структурите на гревот создаваат зло, ја загадуваат околината, ги повредуваат и понижуваат сиромашните и ја поддржуваат логиката за поседување и моќ.

Да започнеме од прошка и од Светиот Дух

Сепак, технолошката револуција и личното преземање не се доволни. Стануваме свесни, пред сè, преку вистинскиот дух на заедништвото. Треба да започне со прошка. Пред сè, мора да бараме прошка од сиромашните, исклучените, за да можеме да побараме прошка од земјата, морето, воздухот и животните … Да бараме прошка за папата Фрањо, значи целосно да го промениме сопствениот начин на живот, на размислување, да бидеме длабоко обновени. А простувањето е можно само преку Светиот Дух. Тоа е благодат која понизно треба да се моли од Господ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот