Светиот Престол изрази загриженост за ситуацијата во Никарагва

Светиот Престол изрази загриженост за ситуацијата во Никарагва

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Организацијата на американските држави изразува загриженост за социјалната и политичката ситуација во Никарагва, повикувајќи на дијалог кој ќе служи за општото добро.

Говорејќи во четврток на специјалната сесија на Постојаниот совет на ОАД, фокусирајќи се на ситуацијата во Никарагва, монс. Хуан Антонио Круз Серано, постојан набљудувач на Светиот Престол во изјавата истакна дека „Светиот Престол не може да не ја изрази својата загриженост во овој поглед, истовремено уверувајќи ги оние кои се посветени на дијалогот дека тоа е неопходниот инструмент на демократијата и гарант за похумана и братска цивилизација со која секогаш сака да соработува“.

Тој додаде дека „Светиот Престол апелира до страните да најдат начини на разбирање, засновани на почит и меѓусебна доверба, барајќи пред се заедничко добро и мир“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот