Молитва на папата Фрањо за жртвите од војни и насилство

Молитва на папата Фрањо за жртвите од војни и насилство

Во поздравите по молитвата Ангел Господов на 1 ноември 2021 година, Папата најави посета на француските воени гробишта во Рим по повод Задушница. Тој се осврна и на традиционалната „Трка на светците“ која е важна за промоција на спортот.

Посетата и светата Литургија која ќе ја служи папата Фрањо по повод Задушница на Француските воени гробишта во Рим, на 2 ноември во 11 часот, ќе биде можност за молитва за душите на сите починати, особено за жртвите. на војна и насилство. Ова го истакна самиот Папа во честитката по пладневната молитва Ангел Господов. Тој истакна дека на овој начин, посетувајќи ги гробиштата, духовно се соединува со сите оние кои деновиве одат да се помолат на гробовите на своите најблиски во сите делови на светот.

Папата ги поздрави и учесниците на „Трка на светците“, организирана од фондацијата Дон Боско ширум светот. Важно е да се промовира образовната вредност на спортот – истакна Светиот Отец и им се заблагодари за нивната иницијатива за доброто на децата од Колумбија. На крајот тој се прости од верниците собрани на плоштадот Свети Петар посакувајќи им среќен празник во духовно друштво на сите светци.

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот