Африканските бискупи за комуникацијата, синодалноста и Црквата во Африка

Африканските бискупи за комуникацијата, синодалноста и Црквата во Африка

Конгресот на телата што ги обединува институциите и здруженијата на католичките комуникатори ги разгледа темите за синодалноста и комуникацијата како поттик за евангелизација и за ситуацијата на африканскиот континент.

„Комуникацијата, синодалноста и Црквата во Африка“ беше темата на средбата на африканските бискупи, собрани во Кигали, Руанда, од 11 до 15 јули. Говорејќи на собирот, монс. Емануел Бадехо, бискуп од Оја, истакна дека Синодата за синодалноста е комуникациски проект кој ги охрабрува медиумските работници во Африка да дадат глас, особено на оние кои се на маргините на општеството. Нѐ повикува да бидеме Црква на нов начин – рече бискупот.

Ситуацијата во Африка

За време на средбата се разговарало и за ситуацијата на африканскиот континент, а била изразена загриженост за поделбите кои имаат катастрофални последици за Божјиот народ во Африка. На собирот беше истакнато и дека слушањето е важна особина на католичките комуникатори. Подрачјето на социјалните комуникации е, дополнително, приоритет на евангелизациското послание на Црквата. На крајот, во соопштението за печатот на SIGNIS, тело кое обединува институции и здруженија на католички комуникатори, ги осудува нападите, серијата насилства и киднапирањата од кои се погодени христијаните во Нигерија, Буркина Фасо и регионот Сахел.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот