Десет правила на папата Иван XXIII за секој ден

Дадени ми се дванаесет часа за да правам добро…

  1. Само денес ќе се трудам да го проживеам денот не сакајќи да ги решам проблемите на својот живот оддеднаш.
  2. Само денес ќе пазам со најголемо внимание на своите постапки: елегантен во однесувањето, никој нема да критикувам; другите нема да ги поправам, туку само себе.
  3. Само денес ќе бидам среќен, бидејќи сум сигурен дека сум создаден за среќа, не само на другиот туку и на овој свет.
  4. Само денес ќе се прилагодам на околностите, не барајќи тие да се прилагодат на моите желби.
  5. Само денес ќе посветам пет минути на добро читање; како што храната е неопходна за телото, така доброто четиво е важно за животот на душата.
  6. Само денес ќе направам добро дело, а тоа на никој да не го кажам.
  7. Само денес ќе направам нешто што инаку не го правам со задоволство: ако во мислите почувствувам дека сум повреден, ќе се трудам тоа никој да не го забележи.
  8. Само денес ќе направам точен распоред: можеби нема точно да се држам, но ќе го направам. Ќе избегнам две зла: брзање и неодлучност.
  9. Само денес ќе верувам – дури и ако околностите го покажат спротивното – дека добронамерната Божја промисла  се грижи за мене како што никој друг нема на светот.
  10. Само денес нема да стравувам. Посебно нема да се плашам, ќе се радувам на сè што е убаво и ќе верувам во доброто.

Дадени ми се дванаесет часа за да правам добро: би можело да обесхрабри помислата дека тоа морам да го правам цел живот.

Лаудато/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Размислување, Свет

За авторот