Пресвета Богородица Лурдска

Денес Црквата го слави празникот на Богородица Лурдска и воедно е Светски ден на болните. Блажена Дева Марија се укажала на 14 годишното девојче Бернадета Субирус 18 пати, во периодот од 11 февруари до 16 јули 1858 година.

На своето шеснаесето укажување, Пресвета Богородица и објавила на Бернадета: „Јас сум Безгрешно зачната“ и ја потврдила догмата на Црквата за Безгрешно зачнување.

Градот Лурд (Lourdes) се наоѓа во западниот дел на Франција. Во него се случил настан кој го одбележал деветнаесеттиот век. Од 11 февруари до 16 јули 1858 година Блажена Девица Марија таму се укажала 18 пати на четиринаесет годишното девојче Бернадет Субирус. Строгиот парох тогаш побарал од девојчето да ја праша непознатата личност која ја опишувала како „убава Госпоѓа облечена во бело“, која е ако сака на тоа место да се изгради капела и да верниците да доаѓаат на поклонение.

По повод своето шеснаесетто укажување, на 25 март на празникот Благовест, Марија одговорила на прашањето на девојчето: „Јас сум Безгрешно зачната“. Со тие зборови Богородица ја потврдила науката на Црквата за нејзиното безгрешно зачнување, за источниот грев и за нејзината улога во историјата. Имено, четири години претходно на 8 декември 1854 година папата Пио IX ја прогласи догмата за Безгрешното зачнување (Ineffabilis Deus ).

Според науката на Црквата Бог никогаш на поединецот не му дава милост само заради него лично, туку тоа е за доброто на заедницата и заедништвото со Бог со луѓето. Бидејќи Марија како никој друг во историјата на спасението е обдарена со многу милости, таа не може да остане бесчувствителна на потребите на луѓето. Затоа таа е најголемата изворедна застапница за Христовите милости. Марија како прва спасена во заедништвото со својот Син, иако нема директна улога во делото на спасението посредува за нас кај својот Син за сите кои и се доверуваат во своите потреби со своите молитви.

Со дефинирањето на догамата е ставена круна на сите дотогашни размислувања и верувања. Го направил тоа Папата претходно советувајќи ги сите епископи во светот што веруваат тие и нивниот народ за таа привилегија на Марија. Настанот во Лурд четири години подоцна бил круна на сите дотогашни размислувања и верувања. Марија со тој настан го потврдила она што Црковното научителство го дефинирало четири години претходно.

Тоа што се случило во тој мал град, се случило во време кое било тешко за Црквата и христијанството. Во тој период завршувал стариот свет, а започнувал нов кој не се градел на Евангелието, кој не се стремел кон Божјото царство, туку одел по патот на отстранување од Бог и Црквата. Тој век е обележан со беда на народот кој тешко преживувал од малите плати, покривајќи ги основните потреби за храна. Условите за живеење и работа биле ужасни. Започнала материјалистичка епоха во која парите станале закон за човечката вредност. Тоа било време обележано со атеизам, позитивизам и рационализам…, време кое на сите начини сакало човекот да го одвои од Бог. Во тие времиња, тешки за Црквата во Лурд се укажала Дева Марија. Таа го осветлила мрачното време на XIX век и разбудило ново чувство за Црквата и старите светости.

Во новонастанатите прилики Бог ни зборува преку Марија, Мајката на Својот Син – преку Лурд, Фатима, … и зборува така се до денешен ден. Оние кои го слушат нека се заблагодарат на Безгрешната Девица – Богородица Лурдска, Мајка Марија.

Вера и Дела/к.мк/Д.И.

Категорија: Размислување, Свет

За авторот