Папата Фрањо се сретна со бегалци: Сите сакаме мир!

На крајот од првиот ден од својата апостолска посета на Светата Земја, папата Фрањо се сретна со луѓе со посебни потреби и бегалци од Сирија и Ирак. Средбата е одржана во светилиштето подигнато на местото на Исусовото крштение во Витанија од другата страна на Јордан.Длабоко сме погодени од драмите и раните на нашето време, посебно оние предизвикани од конфликтите на Блискиот Исток кој сѐ уште траат, рече Папата во своето обраќање на средбата на која се собраа повеќе од 600 бегалци и лица со посени потреби.

Во тој контекст Папата посебно ја истакна тешката состојба во „саканата Сирија, растргната од братоубиствената војна која трае повеќе од три години и кој однесе небројни жртви, присилувајќи милиони луѓе на бегство во друга земја. Сите сакаме мир!,“ истакна Папата.

Светиот Отец зборуваше за „алчноста за пари“ и фабриките кои продаваат оружје. Тоа мора да нѐ поттикне на размислување за тоа кој се крие зад сето тоа, кој на тие воени страни им дава оружје за да можат да го продолжат конфликтот! Да размислуваме и упатиме молитва за тие кутри луѓе, злосторниците да се преобратат, рече Папата. Меѓународната заедница ја повика да не го остави Јордан сам да се носи со тешката хуманитарна ситуација предизвикана од бранот бегалци кои пристигнуваат на неговата територија, туку да продолжи и да го зајакне своето делување, да пружи поддршка и помош на бегалците.

„Повторно упатувам искрен апел за мир во Сирија. Нека престане насилството и нека се почитува хуманитарното право и да ја гарантира неопходната помош на оние кои трпат. Сите нека се откажат од настојувањето да препуштаат оружјето да ги решава проблемите и нека се вратат на патот на преговорите. Решението може да се постигне единствено со дијалог и посредување, сочувство кон оние кои страдаат, барање политичко решение и чувствување одговорност кон браќата“, рече Папата во своето обраќање..

Во текот на средбата неколку бегалци му кажаа на Папата за своите трагични лични искуства претставувајќи така само дел од агонијата и страдањето на многумина бегалци кои се наоѓаат во Јордан.

Од јуни 2011 година Каритас Јордан активно е вклучен во давањето помош на многумина бегалци од воените подрачја на Сирија. Во април 2014 Каритас згрижи 360.000 луѓе односно вкупно 72.505 семејства.

Патувајќи од Преседателската палата до плоштадот на Јаслите во Витлеем, папата Фрањо спонтано слегна од џипот со кој патуваше и застана пред ѕидот на разделување на Западниот брег кој го дели Израел од палестинските подрачја. Папата се задржа неколку минути во молитва пред ѕидот.

РВ/Д.И.+В.Н

Категорија: Свет

За авторот