Верниците од Радово и Струмица на Литургија во Ново Делчево

Група од околу 60 –тина верници од парохиите „Свети Пророк Илија“ – Радово и „Свети Иван Крстител“ – Струмица во вторник 8 септември 2015 година ја посетија парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Делчево, Р. Бугарија. Посетата на парохијата беше посебна можност верниците од Македонија и Бугарија заедно да присуствуваат на света Литургија во парохиската црква. Покрај парохискиот свештеник о. Петко Валов, на Литургијата сослужуваа о. Гоце Костов, о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов. Најпрво о. Петко Валов, посакувајќи им добредојде ги поздрави верниците, накратко ги запозна со парохијата во Ново Делчево, а потоа о. Трајче Ташев одржа пригодна проповед. Заедништвото меѓу верниците продолжи во парохиската сала.

Групата верници од Македонија престојот во Бугарија го искористија да го посетат и Рилскиот манастир, додека о. Петко Валов ги запозна со историјата на манстирот, како и со фрескописот.

Верниците од Ново Делчево во јуни 2015 година ги посетија парохиите во Струмица и Радово.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот