Убиен чувар и киднапиран свештеник во Нигерија

Убиен чувар и киднапиран свештеник во Нигерија

Во напад на парохиска куќа во нигериската држава Кадуна е убиен чувар, а тамошниот католички свештеник бил киднапиран, потврди надбискупијата Кадуна, објави Фидес во средата, 9 март 2022 година.

Ноќта на вторник, 8 март, неколку вооружени лица упаднале во парохиската куќа во парохијата Свети Иван во градот Куденда. Киднапирале и неколку лица од околните куќи.

Населението во тој регион во северна Нигерија отсекогаш било жртва на напади на исламистички терористи, а со години биле изложени на насилство од вооружени групи кои киднапираат цивили и бараат откуп. Свештениците често се жртви на овие киднапирања.

Во февруари во земјата е киднапиран свештеник и ослободен за два дена. Во нападот е убиен готвач во блискиот пасторален центар. Сè уште ништо не се знае за тројцата семинаристи киднапирани во октомври 2021 година во бискупијата Кафанчан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Нигерија

За авторот