Медиумска работилница за родителите во Сарај

Медиумска работилница за родителите во Сарај

На 13 декември во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово) се одржа медиумска работилница за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот центар во Сарај.

Работилницата беше на тема „Родителите и социјалните медиуми“, а ја водеше отец Гоце Костов, директор на Радио Марија Македонија и предизвика голем интерес кај родителите, за што сведочи и активното вклучување во плодната дискусија, која се разви за време на работилницата. Од страна на предавачот беа презентирани позитивните и негативните страни на медиумите. Посебен интерес кај родителите предизвикаа практичните совети кои ги добија за правилно користење на социјалните медиуми.

Тимот на Македонски Каритас од Сарај изразува благодарност за активното учество на родителите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот