(Видео) Бискупот Стојанов за Телевизија Сител:  Господ нека ја благослови Македонија

(Видео) Бискупот Стојанов за Телевизија Сител:  Господ нека ја благослови Македонија

По повод празникот на Незавизноста на Република Македонија, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов даде интервју за телевизија Сител. Во интервјуто бискупот Стојанов одговараше на прашања на новинарот Кирил Стојанов за тоа како бискупот го доживеал тој 8 Септември 1991 година, што значеше независноста за Католичката црква во Македонија, како растеа Црквата и Државата во овој период на независноста, колку меѓусебно си помагаа и соработуваа и за тоа како ја гледа бискупот Стојанов иднината на државата и соработката меѓу Црквата и Државата.

Упатувајќи честитка за празникот бискупот Стојанов рече: Најпрво дозволете ми да го честитам празникот на Независноста на Република Македонија, Господ нека ја благослови и да го славиме овој празник уште многу години.

Погледнете го видеото.

Категорија: Македонија

За авторот