(Видео) Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за февруари 2024: За мир во светот

(Видео) Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за февруари 2024: За мир во светот

Во месечната молитвена накана за месец февруари 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов повикува на молитва за мир во светот.

Во библиска смисла, мирот има многу подлабоко значење и не е само отсуство на војна и молк на оружјето. Мирот пред сѐ претставува целосна благосостојба, хармонија меѓу народите и меѓу луѓето и на секој поединец со Бога. А најважен е мирот во срцата на поединците, од каде произлегува и мирот во светот.

Свесни сме за страдањата на многу народи, уништувањата и разрушувањата во многу земји, од кои најмногу страдаат невините и најсиромашните.

Христос е Кнез на мирот, нашиот извор на мирот, оној кој ги урива ѕидовите на омразата, Оној кој нѐ повикува да отфрлиме секакво насилство и неправда.

Ве повикувам да молиме за мир во светот, посебно за народите и земјите каде се водат војни, а неправдите го убива човечкото достоинство. Да молиме за водачите на земјите да работат за правда, која е плод на мирот за да завладее во светот Христовиот мир, за кој копнее целото човештво. Мирот на воскреснатиот Христос нека биде со сите вас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот