Прослава на празникот Свети Кирил и Методиј во Рим, во организација на Папскиот словачки институт

Прослава на празникот Свети Кирил и Методиј во Рим, во организација на Папскиот словачки институт

Традиционалното празнување на словенските народи во Рим на празникот на копатронот на Европа, 14 февруари во базиликата Свети Климент годинава ќе го предводи монс. Марио Џордано, поранешен апостолски нунциј во Словачка. Светата Миса со почеток во 18.30 часот ќе заврши со процесија со свеќи и молитва на гробот на Свети Кирил кој се наоѓа во криптата на оваа древна базилика.

Од година во година членовите на словачките, чешките, хрватските и словенечките папски заводи наизменично го организираат празнувањето на празникот Свети Кирил и Методиј. Редовно се покануваат амбасадори, како и членови на нивните заедници во Рим.

Базиликата Свети Климент се наоѓа во близина на Папскиот ирски институт, и е под надзор на ирските Доминиканци.

Минатата година поради состојбата со пандемијата не беше можно да се одржи прослава, но годинава прославата ќе се одржи вообичаено, со почитување на пропишаните епидемиолошки мерки.

За овогодинешната организација задолжени се Папскиот словачки институт и Заводот Светите Кирил и Методиј. Светата Миса во 18.30 часот ќе ја предводи монс. Марио Џордано, поранешен апостолски нунциј во Словачка.

Годинава се одбележуваат и 70 години од поставувањето на словачкиот симбол – мермерен олтар над гробот на Свети Кирил, кој е направен и благословен во 1952 година, како што е документирано со латински натпис изгравиран на предната страна.

Како што информираше ректорот на Папскиот словачки институт, отец Павол Звара, на овогодинешната прослава се очекуваат 15 амбасадори, како и ректорите и постојаниот претставник на Светиот Престол при Меѓународната туристичка организација, монс. Маурицио Брави и членовите на дипломатската мисија на Европската унија во Светиот Престол. Ќе присуствува и делегација од Злин, Чешка, со претседателот Рамим Холис, членови на регионалниот парламент и членови на Европското и културно здружение „Патот на Свети Кирил и Методиј“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот