Молебен до Пресвета Богородица Утешителка

Молебен до Пресвета Богородица Утешителка

Во недела 24 септември 2017 година во Паљурци се молеше Молебен до Пресвета Богородица Утешителка, кој го предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Макадонија и во присуство на верници од повеќе парохии од Македонија.

На почетокот од својата проповед владиката Стојанов потсети дека Паљурци и целиот македонски народ е посветен на Пресвета Богородица Утешителка. Со оглед дека на молебенот беа присутни голем број деца и млади, односно ученици и студенти, епископот Стојанов зборуваше за почетокот на учебната, академската и веронаучната година, повикувајќи ги да се стават под заштита на Богородица Утешителка.

По завршувањето на молебенот, во амфитеатарот младите од Катедралната црква во Струмица и Нова Маала имаа сценски настап за свети Павле, а програмата содржеше и духовни песни.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот