Летен камп на Сестрите на Мајка Тереза во Гостивар

Од понеделник 22 јуни до 27 јуни 2015 година во организација на сестрите на Мајка Тереза од Скопје беше организиран летен капм за децата од Гостивар.

Летниот капм кој се одржуваше секој ден во изминатата недела беше одбележан со молитва, се учеа децата да ги молат основните христијански молитви на македонски и албански јазик, се организираа работилници во кои децата ги истакнуваа своите креативни способности за цртање, обликување, боење, глума итн. Централно место секој ден заземеше одредена Исусова споредба од Новиот завет, каде повторно децата со своите креативни способности за глума ги актуализираа и доближуваа до своите врсници изговорените Исусови зборови. По читањето од Евангелието следуваше кратка катехеза преку која сестрите се обидуваа да дадат конкретно значење на Исусовите зборови во нивниот секојдневен живот и како истите да ги живеат во своите домови – во семејството, на училиште – со учителките и меѓу врсниците, на улица – кога си играат. Се обидуваа да ја нагласат важноста на молитвата во нивните животи, зошто е важно да се молат наутро и навечер и при секоја мака и задача со кои се сраќаваат и да читаат барем малку, но секојдневно од Новиот завет.

Зошто токму во Гостивар?

Гостивар е мал град во Западна Македонија каде не нема објект на Католичката црква, но сепак има мала заедница.

Овие средби во склоп на летниот камп завршија во сабота 27 јуни кога децата заедно со нивните родители пристигнаа во Скопје. Тука тие ја посетија зоолошката градина, своето другарување го продолжија во Градскиот парк, а својата посета на Скопје ја крунисаа со посета на Катедралната црква Пресвето Срце Исусово во Скопје. Најпрво тие имаа ручек во парохискиот пасторален центар, потоа се сретнаа со скопскиот парох дон Давор Топиќ, со кој ги споделија своите доживувања од изминатите денови и имаа прилика да му постават одредени прашања.

На самиот крај, и родителите имаа средба со својот парох на која ги изнесоа своите предлози и благодарност до Црквата за сето она што го прави за нив. Исто така парохот ја нагласи својата радост од оваа средба и напомена дека ова е мал, но важен чекор за евангелизација на Гостивар. Тој се заблагодари на родителите за соработката и ги охрабри и им кажа дека заедно со неговите соработници продолжува со своите пасторални активности во Гостивар.

На крајот родителите и децата ги поздравија парохот, сестрите и волонтерите изразувајќи ја својата желба за продолжување на овие средби.

к.мк/Антун Матошевиќ

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот