Во 2023 година во светот се убиени 20 мисионери

Во 2023 година во светот се убиени 20 мисионери

Според годишниот извештај на агенцијата Фидес, во 2023 година во светот биле убиени 20 мисионери – еден епископ, осум свештеници, двајца со посветен живот, еден семинарист, една кандидатка за посветен живот и седум мирјани.

Во изминатата година, според извештајот, биле убиени двајца мисионери повеќе во споредба со претходната година.

Најголем број на убиени мисионери е забележан во Африка, каде што загинале 9 мисионери. Од нив, пет биле свештеници, две лица со посветен живот, еден семинарист и една кандидатка за посветен живот. Во Америка биле убиени 6 мисионери. Убиени се еден епископ, тројца свештеници и двајца мирјани. Во Азија биле убиени четворица мирјани, а во Европа еден.

Земјите каде што се случиле убиствата се: Нигерија (4); Буркина Фасо (2); Танзанија (1); Камерун (1); ДР Конго (1); Мексико (4); САД (2); Филипини (2); Палестина (2) и Шпанија (1).

Фидес го користи терминот „мисионер“ за сите крстени лица. Понатаму, агенцијата не води сметка само за мисионерите ad gentes во строга смисла, туку се обидува да собере податоци за сите крстени кои биле вклучени во животот на Црквата и убиени на насилен начин, не само поради омраза кон верата.

„Една од карактеристиките што е заедничка за мнозинството пасторални работници убиени во 2023 година е несомнено нивниот нормален живот: односно не извршиле никакви сензационални дејствија или необични дела што би можеле да привлечат внимание и да навредат некого“, се посочува во извештајот.

Фидес нагласува дека во белешките за околностите на насилната смрт на мисионерите, најдовме свештеници кои беа на пат да слават света Литургија или да извршуваат пасторални активности во некоја оддалечена заедница; вооружени напади извршени по сообраќајни патишта; напади врз парохии и манастири каде што евангелизирале, делеле милосрдие и работеле за унапредување на човекот. Тие се, не по своја вина, жртви на киднапирања, терористички дејствија, вклучени во пукотници или насилство од различни видови.

Својата вера ја живееле со едноставно евангелско сведоштво како свештеници, катехисти, здравствени работници… „Можеле да заминат на друго место, да се преселат на побезбедни места или да се откажат од своите христијански обврски, можеби да ги намалат, но тоа не го направиле, дури и покрај тоа што биле свесни за ситуацијата и опасноста со која се соочувале секојдневно. Наивно, во очите на светот. Но, Црквата, а во крајна линија и самиот свет, оди напред благодарение на нив“, се наведува во извештајот.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот