Убиен католички свештеник во Уганда

Убиен католички свештеник во Уганда

Во Уганда на 18 август навечер ладнокрвно е убиен католички свештеник дон Јосефат Касамбула од бискупијата Кијинда-Митјана, известува агенцијата Фидес.

Дон Јосефат Касамбука 68 годишник бил парох во Лвамата парохија во бискупијата Кијинда-Митјана. Полицијата нареди обдукција додека потрагата по побегнатиот убиец продолжува. Како што јавува агенцијата Фидес, се верува дека сторителот веројатно е личност која би можела да има проблеми со дрогата.

Дон Касамбула во предвечерието на 18 август отишол да ги обиколи работите на земјиштето каде наводно го сретнал својот убиец, кој илегално бил на фармата. Свештеникот го прашал кој му дозволил пристап до земјиштето и куќата, а тој му забил некој предмет во грбот, по што свештеникот веднаш починал.

Според зборовите на некои сведоци се наведува дека убиецот е познат зависник од дрога и се верува дека бил под влијание на опијати кога го направил убиството. Сведоците исто така наведуваат дека свештеникот неколку години не ја посетувал куќата и земјата кои припаѓале на неговото семејство. Осомничениот тоа го користел и таму живеел некое време, извести агенцијата Фидес.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот