Апел на Папата за Јемен

Апел на Папата за Јемен

По завршувањето на денешната молитва Ангел Господов во недела 17 јуни 2018 година Светиот Отец своето внимание го упати на драматичната ситуација на верниците во Јемен и потсети дека следната седмица се одбележува Светскиот ден на бегалците.

Светиот Отец истакна дека со голема загриженост го следи драматичниот развој на ситуацијта во Јемен, чиј народ е исцрпен од долгогодишните судири. Упатувајќи апел до меѓународната заедница да ги седнат вклучените страни на преговарачка маса со цел да се избегне влошување на хуманитарната ситуација, и за таа накана папата Фрањо со насобраните верници измоли „Радувај се Марија“ за Јемен.

Папата потсети дека на 20 јуни се одбележува Светскиот ден на бегалците кои го промовираат Обединетите Нации како би предупредиле на проблемите и страдањата низ кои минуваат оние кои се присилени да ги напуштат своите домови поради судири и прогонства. Папата Фрањо го сврте вниманието на Global Compact иницијативата во корист на мигрантите и бегалците кои би требало да се усвојат оваа година, изразувајќи при тоа надеж дека ќе се постигне договор кој ќе промовира сигурни, уредни и законски миграции.

Исто така се надева дека државите вклучени во тој процес ќе се договорат одговорно и со човечност да се помогнат и заштитат оние кои се присилени да ја напуштата својата земја. Светиот Отец истакна дека секој од нас е повикан да се приближи на бегалците и да се сретне со нив, да го вреднуваат нивниот придонес како би можеле подобро да се интегрираат во заедниците кои ги примаат. На таквите средби и меѓусебно почитување и помош се наоѓаат решенија за многу проблеми – рече на крајот Папата.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот