Во Ватикан започна ХХІХ средба на Кардиналскиот совет

Во Ватикан започна ХХІХ средба на Кардиналскиот совет

Од 8 до 10 април во Ватикан се одржува ХХІХ средба на Кардиналскиот совет и папата Фрањо. Во центар на работните сесии ќе биде новата Апостолска конституција за Римската курија.

Во Ватикан започна тридневната средба на Кардиналскиот совет, основан од папата Фрањо за да му помога во реформите на Римската курија и управувањетона Црквата. Средбата ќе трае до 10 април, а на неа ќе учествува и папата Фрањо.

На последната средба одржана од 18 до 20 февруари беше дискутирано за Апостолската конституција за Римската курија, со привремен наслов „Praedicate Evangelium”. Во моментот текстот е подложен на „стилска и канонска проверка.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот