Рани во борбата

Животот е борба помеѓу доброто и злото, помеѓу совеста и страста, помеѓу смислата и телесноста; тоа е борба за вистината и повик за Бог и вечното, при тоа мора да го совладаш своето себељубие и стравот. Пријателе, дали ја прифати борбата? Дали си го кажал своето ДА на ова борба и на нејзините рани?

На младите генерации ги уверуваат дека борбата повеќе не постои. Зборот „борба“ за многумина е црвената боја на битката; повеќе не сакаат да се борат и се повикуваат на „вечен мир“; се откажуваат од борбата и воведуваат „љубов“ наместо борба. Тие говорат: „Злото не постои!“ и затоа според нив не постои повеќе причина за борба. Пред очите им е светла излузија: неодолив и безусловен „прогрес“ на човештвото засекогаш на подобро, возвишување за сѐ поголема среќа, без борба и за целосен мир, без напади и со сите права, со барања и радости… Пријателе, какво страшно сениште за младите луѓе! Тие повеќе не се подготвени да се борат за слободата на душата, за раните и откажувањата. Тие сакаат само да им е пријатно, топло и да бидат сити; кој им ветува благосостојба и сигурност него слепо го следат. Сакаат сè да поседуваат бидејќи сè им е ветено.

Но, оној кој повеќе не сака да се бори за добото ќе подлегне на злото; кој се плаши од раните никогаш нема да победи; кој со страв се обесхрабрува од секоја жртва тој дозволува сатаната да му го пропишува однесувањето. Тој те заплашува и ти ја покажува маката која ти се заканува со борбата, болките и ударите, повредите и опасностите; заводникот те привлекува со ветувањето дека ќе ти го спаси животот и твојата кожа ќе ја однесе на сигурно. Но, „кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси.“ (Лк 9, 24). Ќе ја загубиш својата искреност  и ќе соработуваш за измама, ќе ја изгубиш својата љубов и ќе станеш егоист; ќе ја изгубиш својата вера и ќе станеш скептик. Смртниот страв создава робови. Кој од страв за сопствената кожа препушта другите да го диктираат неговото однесување тој на крајот ќе се откаже од возвишените цели. Тогаш ќе припаѓаш на луѓе кои „целиот живот беа подложени на ропство од страв пред смртта.“ (Евр 2, 15). Пријателе тој е тежок збор , но збор кој ослободува; само ако животот на душата ти е највреден од сè земско ќе бидеш слободен човек. Само ако си подготвен со задоволство да го загубиш земскиот живот отколку да се откажеш од животот на душата ќе бидеш победник во борбата.

Христијаните од Истокот денес таа борба ја гледат појасно отколку ситиот Запад. Тие се прогонувана Црква. Само оној кој е подготвен да претрпи штета, да биде повлечен по преслушувањето или да оди во затвор може таму да ја живее својата вера. Истокот денес е посветено место на мачениците кои остануваат верни до смрт. Тие се сводоци на вистината за Западот. Тие како Исус се камшикувани и ударани, загрозени и ранувани. Но, нивната вера е посилна од заканите. Тие денес се вистински мисионери кои служат како пример на оние кои станале млаки. Овие христијани од Истокот ги викаат своите браќа од Западот: „Не учествувајте во лагите! Не дозволувајте да бидете измамени со ветувањата за златно теле, спротивставете се на блудството и неправдата! Не служете на идолите пари и брзање! Пријателе тоа е тежок пат за телото, но единствен можен пат за душата. Срцето ќе ти крвари ако се обидеш да се отргнеш од материјалистичкиот животен стил, но немој да се плашиш од раните! Бидејќи Бог денес на христијанството му го испитува срцето и бубрезите.

„Модерните христијани“ не сакаат повеќе да се борат за вистината, не сакаат повеќе да ризикуваат со рани и страдање. Бидејќи тие денес станаа богати во благосостојбата и во тоа сега сакаат да уживаат. Тие денес измислија теорија која се нарекува „прилагодување“: се прилагодуваат на блудот и идолите, се прилагодуваат на атеизмот, скептицизмот, се прилагодуваат на „модерните спасители“ и нивните системи. На нив денес Исус им ги упатува зборовите: „Оти велиш: Богат сум и се збогатив и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол;“ (Отк 3, 17)… „носиш име дека си жив, а си мртов. Биди буден и утврдувај ги оние, што се на умирање“ (Отк 3, 1-2).

Проповедта на гората е мерилото за христијаните на сите времиња. Тоа е живот за смелите кои не се плашат од Христовиот крст: „Блажени се оние што плачат!“ „Нив нема богатствата на овој свет да ги заробат“, „Блажени се сиромашните пред Бог “ – тие подобро би поднеле неправда отколку да ја направат: „Блажени се оние кои не прват насилство!“ – Тие прифаќаат борба против  слепата страст: „Блажени се чистите по срце!“ – тие не бараат, туку даруваат. „Блажени се милостивите!“ – Тие создаваат мир со силата на својата трпеливост: „Блажени се миротворците!“ – Секој кој сака да го следи Исус ќе поднесува како и Он прогонство и камшикување, рани и болки: „Блажени се гонетите заради правда.“

Знаеш ли сега зошто секојдневната Бројаница е толку важна? Таа ти ја става пред очи Христовата борба против силата на темнината. Секојдневно моли Бројаница! „Исус Кој за нас беше камшикуван.“ Тогаш и тебе Бог ќе ти даде сила за борба. Бидејќи Он не дојде да донесе мир за сите и кукавиците, туку меч на храброст и смелост.

Бројаницата извор на сила/ д-р Херберт Мадингер/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот