Амбасадорката на Франција во Светиот Престол: Разбрав што е Црква

Амбасадорката на Франција во Светиот Престол: Разбрав што е Црква

Француската амбасадорка во Светиот Престол Елизабет Бетон Делег ја заврши дипломатската мисија во Светиот Престол на почетокот на јануари. Во оваа прилика таа даде интервју за Ватикан њуз.

Во денешната пандемија и заканата за светот, папата Фрањо не само што предлага патоказ, туку ги прави потребните промени. За тоа сведочи Елизабет Бетон Делег, која ја заврши дипломатска мисија во Ватикан. Таа беше првата жена во историјата на Франција што стана амбасадор во Светиот Престол во април 2019 година.

Во интервју за Vatican News по повод завршувањето на нејзината мисија во Светиот Престол, таа нагласи дека во текот на 40 годишната дипломатска кариера работела во различни делови на светот, кои Папата ги нарекува периферии како Хаити, Чиле и Мадагаскар. Според неа, Римскиот бискуп добро ја познава ситуацијата и покрај отпорот на нашите општества, јасно укажува дека иднината нема да биде подобра без радикални промени. Таа нагласи и дека ватиканската дипломатија дава огромен придонес во зајакнувањето на меѓународната соработка и градењето на солидарноста и братството во светот.

Според амбасадорката, нејзиниот престој во Рим и помогнал да разбере што е Црква.

„Сфатив што е Црквата, која е повикана да биде универзална и како се изразува на различни јазици. Сфатив дека Црквата е повеќе од само институција која понекогаш може да биде гломазна, па дури и бавна. Трајноста на Црквата е исто толку извонредна како и размислувањето за иднината која е непозната. А уште поголем предизвик е тоа што се потпира на институција чии ограничувања се јасно видливи. Значи, тоа е таинство на верата, таинство на трансцедентноста. Во време кога живееме во нестабилен и суспендиран свет, бараме трансценденција. И оваа трансценденција постои, повторно се раѓа и има места каде што може да се почувствува“, рече Елизабет Бетон-Делег.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот