Папата ги прими во аудиенција епископите, пријатели на Движењето на фоколарините

Папата ги прими во аудиенција епископите, пријатели на Движењето на фоколарините

Примајќи ги во аудиенција епископите, пријателите на Движењето на фоколарите, папата Фрањо си спомна на харизмата на Кјара Љубик и ги поттикна сите братството да го спроведат на дело.

Единството кое Исус Христос ни го даде и ни го дава не значи еднодушност, не значи согласување во сѐ по секоја цена. Тоа го почитува основниот критериум, а тоа е почитување на личноста – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенција епископите, пријателите на Движењето на фоколарите, по повод собирот кој овие денови се одржува во Кастел Гандолфо со наслов  „Dare to be One – Осуди се да бидеш едно. Дарот на единството во поделениот свет.“ Папата изрази задоволство за тоа пријателство чии корени – како што рече, се силни и цврсти, а го карактеризира искуството на нивните средби кои се одржуваат веќе 40 години.

Напоменувајќи дека Делото Мариино односно Движењето на фоколарите, отсекогаш во согласност со харизмата примена од основателката Кјара Љубик ја негува смислата и службата на единството – единство во Црквата, единство меѓу сите верниците, единство во целиот свет, во концеnтрични кругови, Папата тој нивен стил го поврза со дефиницијата која Вториот ватикански собор го даде за Cрквата: таа е сакрамент односно знак и средство најтесно соединета со Bог и единство на целиот човечки род“ (Lumen gentium, 1).

Очигледно е „сродството“ – како што рече Светиот Отец, кое постои помеѓу таа харизма и епископската служба. Ние епископите, во служба сме на Божјиот народ, за да се развива во единството на верата, надежта и љубовта. Духот Свети во срцето на епископот ја втиснува волјата на Господ Исус – за сите христијани да бидат едно, на пофалба и слава на единствениот и троеден Бог и светот да поверува во Исус Христос (Ив 17, 21) – рече и додаде, Папата и епископите ние не сме во служба на некое надворешно единство, на некоја „едноличност“, туку таинство на заедништвото кое Црквата е во Христос и во Духот Свети; Црквата како живо Тело, како народ во одење во историјата и истовремено повеќе од историјата. Народ испратен во светот за да го сведочи Христа, за Он Lumen gentium – Светлина на народите го привлече секој кај себе со нежната и милосрдна сила на своето пасхално Таинство.

Тој е „Божјиот сон“. Неговиот план за помирување и усогласување во Христа на сѐ и на сите. Тоа е исто така „сон“ за братството, на кое ја посветив енцикликата  Fratelli tutti – рече Папата и истакна, пред сенките на затворениот свет, во кој се „разбиваат“ многу соништа за единството, во кој недостасува проект за сите луѓе, а глобализацијата тргнува без заеднички пат, во кој чумата на пандемијата би можела да ја зголеми нееднаквоста, Духот нѐ повикува да имаме смелост да бидеме едно.

Напоменувајќи дека храброста на единството ни ја сведочат најмногу светците, Папата го спомна свети Корнелиј папа и свети Кипријан епископ и ја истакна неговата – како што рече – прекрасна дефиниција за Црквата како народ собран во единството на Отецот, Синот и Светиот Дух. (De Orat. Dom. 23:PL 4, 553). Но, папата Фрањо не пропушти да ги спомне исто така големиот број сведоци од нашето време, пастирите и лаиците кои имале смелост за единство, лично плаќајќи ја цената која понекогаш е многу висока. Единството кое Исус Христос ни го давал и кое ни го дава не е еднодушност, тоа не значи согласување по секоја цена. Тоа го уважава темелниот критериум, а тоа е почитување на личноста, почитување на лицето на другиот посебно на сиромашниот, малиот, исклучениот – истакна Папата и на крајот ги поттикна епископите нивниот пат на пријателство да биде секогаш отворен, никогаш исклучив за да растат во службата на заедништвото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот