Колку вреди една девојка!

Жената е создадена како врв на Божјото создавање. Создадена е од реброто на мажот за да биде заштитиена и сакана. Таа е слика на небото-битие на добрината, љубовта и нежноста. Само жена може да донесе нов човечки живот на овој свет. Единствено жена може да ги издржи породилните болки, непреспиените ноќи и да се издигне над сите проблеми кои ќе и застанат на патот.

Зошто таа жена и покрај сите тие силни дарови кои ги има, ја заборава својата вредност? Зошто се споредува и вреднува со манекенките и лицата од телевизијата? Зошто се омаловажува ако носи поголем конфекциски број од манекенките, чии слики можеби и се фотошоп обработки?

Убавината доаѓа од душата. Оној, кој го носи Бога во себе, зрачи со неверојатна убавина. Зошто да не се прифатиш себе си ? Зошто да не се сакаш себе-онаква, каква Бог те сакаше и те создаде. Зошто да ги следиме мерилата за убавина кои светот ги одредил и кои многумина ги заведе. Ние не сме од светот, ние сме од Бога!

Тоа посебно се однесува на младите девојки кои сеуште се формираат како личности. Не следете ги идеалите на светот. Биди ТИ – токму таква, со сите маани и недостатоци! Прифати и засакај се себе си, бидејќи си создадена по урнек на Божјата слика. Како би изгледал светот кога сите би биле исти?

Угодувајте му на Бога, да живееме тако како што тој сака!

Никогаш не заборавај колку вредиш! Бог има планови со тебе! Верувај му !

Отвори Му го срцето и Тој ќе направичудеса во твојот живот!

Лаудато/Превод: Ж.П

Категорија: Колумни, Свет

За авторот