Статуата Марија од Назарет пристигна во Скопје

Статуата на Марија од Назарет во среда 25 мај 2016 година пристигна во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ каде веднаш беше изложена. Во 18.00 часот во присуство на статуата се славеше Света Литургија предводена од Скопскиот бискуп и Апостолскиот егзарх  во Македонија монс. д-р Киро Стојанов и во концелебрација со патер Џовани Мариа Леонарди кој ја следи статуата, скопскиот парох дон Давор Топиќ и капеланот дон Јошт Мезег и бискупискиот канцелар отец Марјан Ристов, а на Литургијата дојдоа многу верници од Скопје и други градови.

Во својата проповед бискупот Стојанов повика денеска да се загледаме во ликот на Богородица, која што беше обична девојка од Назарет, но целата исполнета со Светиот Дух кој ја осени и преку кој таа стана Мајка на Нашиот Господ Исус Христос.

На крајот бискупот Стојанов со верниците измоли литанија и посветна молитва пред статуата на Марија од Назарет, а по завршувањето на Светата Литургија верниците останаа во црквата со молитва и размислување.

Статуата ќе биде изложена во Скопската катедрала до 27 мај 2016.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот