Црквата во Виетнам во одбрана на животот

Поради сѐ поголемиот број абортуси во земјата, Католичката Црква во Виетнам поттикна бројни иницијативи за одбрана на животот. Во бискупијата Бак Нин на северот од државата Каритасорганизира курсеви за млади кои ќе се вклучат во работата на волонтерите во шест парохиски центри, кои помагаат на бремените жени. Според официјалните податоци, бројот на абортуси, откако владата го озакони во 1989 година, е во постојан подем. Денес Виетнам е прва земја во југоисточна Азија, а петта во светот според бројот на абортуси.

Секоја година повеќе од 300.000 Виетнамки на возраст од 15 до 19 години вршат абортус; 60-70% од случаите се средношколки и студентки. Во главниот град Ханој тој број е многу поголем, а многу жени вршат повеќе пати абортус, користејќи го како метода за контрацепција. Ми се крши срцето кога гледам во градот како се отвораат клиники за абортус.– рече во разговор за Азија њуз локален социјален работник. Девојките и жените често доаѓаат во приватни или нелегални клиники кои се со многу лоши услови иможат да наштет на нивното здравје.

Соочени со таквата криза, pro-life групи во земјата се поврзуваат за да се спречи абортусот. Најактивни се католичките движења, кои се состануваат скоро на секој три месеци за да молат заедно и да разменат искуства. Многумина некатолици изразуваат воодушевување поради нивната пожртвуваност и љубов – чија што работа властите често пати ја попречуваат. И покрај тоа што се соочуваат со пречки и потешкотии од страна на локалните власти, движењето за одбрана на животот во бискупијата Бак Нин е прифатено и чекор по чекор добива доверба од луѓето – истакнува еден волонтер.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

 

Категорија: Свет

За авторот