Чудото се повтори: Реликвија од трн од Исусовата круна крвареше на Велики Петок

Трн за кој се верува дека бил дел од Исусовата трнова круна и кој се чува во италијанскиот град Андриј, „крвареше“ на Велики Петок, како и неколку пати порано во минатото кога календарски се поклопуваа празникот Благовештение Господово и вториот ден од Велигденската тродневница.

Веста дека трнот повторно крвари ја потврди епископот Андриј Рафаел Калабро.

„Чудото започна“, рече Калабро.

Како што пренесува Catholic News Agency, посебна комисија го прегледала трнот и утврдила дека на него се појавиле течни капки, а на неговото дно се појавил талог, исто како и во 2005 година кога чудото се случи последен пат.

„Sacra Spina“ (Свет Трн) се чува во италијанскиот град Андриј уште од 1308 година. Првата писмена белешка за чудото датира од 1633 и од тогаш тоа се случува секој пат кога Велики Петок се паѓа на 25 март, ден на кој се слави праазникот Благовештение Господово. Инаку, кога Благовештение се паѓа за време на Великата седмица, како оваа година, тогаш се преместува овој празник во понеделник од втората Велигденска недела.

„Благодариме на Бога за она што го прави, затоа што ова чудо е дар и знак на неговата љубов за оваа заедница“, рече епископот Калабро.

к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет
Ознаки Андриј, круна, Трн

За авторот