Секое искушение на сатаната е мизерно со измами

Господ, како што нѐ потсетува евангелието, со своето однесување нѝ покажува како се победуваат искушенијата и како може да се извлече корист од нив.

Сатаната смислува искушенија користејќи се со потребите на луѓето и со слабостите на човечката природа. Откако постел четиридесет дена и четиридесет ноќи, Господ сигурно многу ослабнал и чувствувал глад како и секој друг човек во такви околности. Тоа е моментот кога му се приближува искушувачот и му нуди предизвикувачки предлог: камењата кои се наоѓаат наоколу да ги претвори во ле, кој во тој момент му е толку многу потребен и кој толку многу го посакува.

Овој пасус од Евангелието нѐ учи да бидеме будни, како со самите себе, така и со оние на кои сме должни најмногу да им помагаме, особено во моментите на слабост и замор, кога поминуваме низ тежок период, бидејќи ѓаволот ќе го избере токму овој момент посилно да не искушува, со цел нашиот живот да тргне во друг правец далеку од Божјата волја.

Во второто искушение „ѓаволот го одведе во Светиот Град, го постави на врвот од храмот и му рече: ‘Ако си Син Божји, фрли се долу! Зашто е запишано: На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе и на рацете ќе те носаат да не би некако да ја сопнеш ногата Своја на камен.’ Исус му рече: “Исто така е напишано: Не го искушувај Господа, својот Бог!’“

Христос одбива да прави непотребни чуда, не е залуден и желен за слава. Да се научиме и ние да ги отфрламе сличните искушенија: желба да се покажеме успешни, што може да излезе на виделина и кај најпознатите личности и активности; да не дозволиме да не заведат лажните оправдувања, кои наводно се темелат на Светото Писмо; да се научиме да не бараме докази или вонредни знакови за да би верувале, затоа што Господ дава доволно милост и докази кога ни го покажува патот на верата во нашиот секојдневен живот.

Во третото искушение ѓаволот на Исус му ја нуди целата слава и моќ на земјата која еден човек може да ја посака. „Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава, па му рече: ‘Сето тоа тебе ќе ти го дадам, ако ми се поклониш.’“ Господ конечно го избрка искушителот.

Сатаната секогаш ветува повеќе отколку што може да даде. Среќата е многу далеку од неговите раце. Секое негово искушение секогаш е мизерно, со измами. Во своите искушенија се потпира на нашите амбиции. Најлошата од нив е амбицијата за сопственото истакнување по секоја цена, ставањето на самите себе во сѐ што правиме и планираме. Нашето сопствено его може, често пати, да биде најлошо од сите идоли.

Мора да бидеме будни, постојано да се бориме, затоа што во нас останува стремежот за постигнувањето на човечката слава и покрај тоа што безброј пати сме му кажале на Господа дека не сакаме друга слава освен неговата. Исус и на нас ни се обрати со зборовите: „На Господа, својот Бог му се поклонувај и само Нему му служи!“ Тоа е она што сакаме и за што се молиме: да му служеме на Бога во повикот за кој нас не избрал.

Ова медитација е краток извадок од дневните медитации кои во целост се наоѓаат во книгата на Франциско Карвајало: Разговори со Бог.

Битно нет/З.А.

Категорија: Свет

За авторот