Проповед на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во Струмица по повод денот на болните и празникот Мајка Божја Лурдска
Драги браќа и сестри – Денес сум необично радосен бидејќи како да се овистинуваат Исусовите зборови: Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам (Мт 11,28). Гледајќи ве вас, возрасни и болни кои што сте денес собрани во оваа Катедрала, како и оние болни и немоќни кои се наоѓаат во своите домови, по болниците или старачките домови, чувствувам како Исус на посебен начин денес е присутен во нив и како излегува во пресрет да ги охрабри и утеши. Кога св. отец папа Фрањо минатата година го посети Асизи, неговата прва постојка беше една болница каде особено се негуваат тешки болни. Не одржа подготвен говор туку отприлика го кажа следното: слушнав дека ноќеска во пресрет на моето доаѓање имавте обожавање до Исус во Пресветата Евхаристија, тоа е убаво. А јас дојдов сега да му се поклонам на истиот Исус кој е присутен во вас болните, немоќните и да ви прозборам кои Исуса го обожавате, служите и помагате помагајќи им на овие болни. Големиот страдалник блажениот Иван Павле II после неколку престои во болницата му благодари на Бога и на болничкиот персонал со овие зборови: благодарен сум му на Бога што имав можност да почувствувам страдание со сите вас. Браќа и сестри, необично чудни и убави се овие настани.
Исус се приближува до секој страдалник и се поистоветува со него. Апостол Павле пишува дека во своите болови го надокнадува тоа што недостасува во болките Христови. Исус, подеднакво ги нагрдува тие кои се грижат за старите немоќни и болни и им ветува блаженство во вечниот живот зашто болниот го посетиле, на жедниот му пружиле чаша вода или гладниот го нахраниле. Божјиот Син е единствениот Учител но и Спасител и сигурно можеше да избере друга животна цел во својот живот. Но, ние се соочуваме со фактот дека Божјиот Син за себе си избрал необичен пат. Тоа што секој човек, кој доаѓа на овој свет, има право, а тоа е место на раѓање. Тој тоа веќе го одби. Избра студена штала и тврда слама. Немаше кров над главата. Како Учител одеше по светот лекувајќи болни, тешејќи жалосни и воскреснувајќи мртви. Кога дојде Неговиот час кон Голгота не избра полесен пат туку на себе ги зеде сите гревови на светот но и сите болки и страданија на човештвото. Не мораше ама сакаше. Небесниот Отец на таквото патување на земскиот живот на својот Син и на нас остави патување кое не е само предмет на нашето размислување, побожност или вера, туку е предмет на наследување. Да постои подобар пат, Бог сигурно би го дарувал,бидејќи не љуби.
Драги браќа и сестри, во овие неколку факти се среќаваме со нерешливи проблеми на човечките страданија, болест и смрт. Од длабочината на битието многу пати протесно го прашуваме Бога зошто? Склони сме да го поврземе своето страдание и болка со својот грешен живот. Но, тогаш останува отворено прашањето: Зошто страдаат толку невини деца и толку невини луѓе? Би сакал, драги браќа и сестри, еднаш засекогаш да врежеме во нашата верничка душа дека Бог е добар Татко и дека не казнува. Сите нашите гревови ги зеде на себе нашиот брат Исус Христос и од нас ги откупи. Неговото откупителско дело е патничко, страдалничко, тешко, но далеку повеќе е од само тоа. Предраги, Бог Отец, по страданието на својот Син не сакаше само да порачи дека гревот е најголемо зло и дека смртта Исусова е спасение од гревот туку порача многу повеќе а тоа е дека: БОГ НАС НЕ ЉУБИ. Ако страданието би било Божја казна тогаш ниту едно страдание не е адекватно или не одговара на големината на нашите гревови и нашата неблагодарност. Не, страданието остана и после Христовото воскресение, гледајќи ги Неговите ученици. Да се потсетиме од Евангелието како Исус својот Евангелски проглас го започна со осумте блаженства. Таму ги прогласи блажени тие кои страдаат, плачат, зашто нивно е Царството небесно. Како е тоа можно?
Да се вратиме на почетокот на нашиот живот. Сетете се вие мајки колку страданија и болки требаше за раѓањето на вашите деца? Колку солзи и ненаспиени ноќи останавте заради вашите деца? Има ли е една мајка меѓу вас која го проколнува своето мајчинство, на која им е жал што станала мајка, на која им е жал што страдала заради своето дете? Сигурен сум дека нема. А зошто? Одговорот е јасен, затоа што мајчинството е чин на љубовта, а кога се љуби тогаш страданието не е проклетство туку извор на блаженството. Значи, страданието, болката па и смртта се извор на благослов тогаш кога ќе се ПРИФАТАТ СО ЉУБОВ. Темелно прашање на оваа заедница денес не е страданието и болката туку љубовта. Поставувам храбро прашање. Колку сме способни да го љубиме своето страдание и колку ние здравите сме способни да ги љубиме страдалниците? Во одговорот на тие две прашања е смислата на денешната средба. Смислата на страданието, болката и смртта медицината никогаш нема да ги реши туку духовноста. Преодноста е природена на нашата земска природа. Страдаме бидејќи заминуваме, а заминуваме бидејќи не сме создадени само за овој свет. Материјалното суштество својот пат мора да го помине од создавање до исчезнување. Но, човече, ти не си само материјално суштество туку жива и бесмртна душа. Таа душа е повикана да богатството кое Бог го нуди на нашата душа да поднесе и пренесе секое страдание и секоја болка. Кој не го земе крстот свој секој ден и не врви по мене не може да биде мој ученик, вели Исус.( спор. Мт 10,38).
Собрани сме како Исусови ученици тој да не поучува, теши и лечи но пред сè да прозбори на нашата душа да ја исполни со љубов. Бидејќи, љубовта ги победува страданијата.
Пред нас денес е еден прекрасен пример Мајка на болните: Блажена Дева Марија. Празнуваме празник на објавувањето на Блажена Дева Марија во Лурд. Таа таму се објавува со зборовите: Јас сум Безгрешно зачната. Внимавајте, Безгрешна е, што значи не може да биде казнета за грев бидејќи го нема. Сепак, Мајка Божја бара да таму во Лурд се доаѓа во процесија, да се врши покора и да на изворот која го откопала св. Бернардета донесуваат болни. Од тој ден 1858 година сè до денес тешко можеме да изброиме колку колони на болни дошле или се донесени пред Макабејската пештера во Лурд. Дали сите оздравеа? Да. Можеби чудно ви звучи одговорот, не чудете се: сите духовно оздравеа и тоа е тајната на Лурд. Сите кои таму доаѓаат на поклонение доживуваат духовна обнова. И тоа што го реков станува вистина. Проблемот на страданијата, болките и болестите не е проблем само на медицината туку е далеку повеќе проблем на нашата душа: дали е способна да страданијата ги прифати и прикаже во иста љубов со Исус за спасение на светот.
Еден свештеник кој повеќе пати оди на поклонение во Лурд ми раскажува: во една прилика пред пештерата се моли со болните. Пред него се наоѓа жена во количка која молела и плакала. Ја прашува колку години е веќе во количката одговорила 27 и да моли за оздравување. Но, во тој миг млади германски скаути го донеле младиот Италијанец на носилка и го подигнале до статуата на Марија, а тој неподвижен, немоќен само молел: Мајко, Мајко! На таа сцена болната и немоќна Германка се обраќа до свештеникот и вели: Оче, не молете за мене, јас со задоволство ќе останам во количката до смрт, молете за оваа младо момче. Еве, драги браќа и сестри, тоа е пораката на Лурд. Од страданијата се раѓа љубов, а со љубовта човек станува сличен на Бога. Зарем Исус не нè повика: бидете совршени како што е вашиот Отец небесен.
Затоа сум јас денес трогнат и радосен со вас во оваа наша Катедрала, бидејќи имаме прилика од Марија да учиме како се љуби човекот и како се спасува човештвото. Страданието и болката немаат во себе смисла туку само во толку се прифатливи во колку имаат смисла во животот за спасение на светот.
Нашата молитва, св. тајни, средбата нека денес бидат исполнети со љубов каде ја молиме Марија да Таа, Утешителка на тажните и Здравје на болните не заговара пред Бога и на оваа место во нашата Катедрала бидеме храбри спасители на нашиот народ. И ќе завршам со зборовите на папата Фрањо кој вели: дека најмоќни членови на Црквата се болните кои повеќе не можат ниту да молат туку само да страдаат и да прикажуваат жртва, бидејќи светот не живее од моќници туку од добри луѓе. А вам кои водите грижа за болните, немоќните и возрасните нека Блажена Дева Марија ви биде најголема награда. Амин.