Прославен патрониот празник во Секирник

Прославен патрониот празник во Секирник

На 19 декември.2018 година со свечена света архиерејска Литургија беше прославен патрониот празник на црквата „Свети Никола“ во Секирник.

Светата Литургија ја предводеше епископот Стојанов, кој во својата проповед напомена и нагласи, дека треба да се трудиме да ја живееме нашата вера сведочејќи со нашите дела, како тоа го правел светиот Никола. Честитајќи го празникот посака свети Никола да ги застапува пред Бог.

Покрај домашниот парох о. Ѓорги Динов на светата Литургија сослужуваа свештеници од Струмичко – скопската епархија и од Скопската бискупија.

На Литургијата присуствуваа верниците од Секирник и други парохии, кои домашниот парох на крајот од свеченоста ги поздрави сите.

По завршувањето на светата Литургија заедништвото продолжи со агапе во парохиската сала, подготвено од верниците од Секирник.

к.мк.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот