Папата упати телеграма со сочувство за нападот во Техеран

Папата упати телеграма со сочувство за нападот во Техеран

Папата Фрањо упати телеграма со сочувство во која изразува искрено сочувство на сите оние кои се погодени од варварскиот напад во главниот град на Иран, Техеран, изразувајќи воедно жалење заради бесмислениот и тежок чин на насилство.

Имено, во Техеран во средата на 7 јуни 2017 година, е извршен симултан терористички напад во кој загинаа 13 луѓе, а неколку десетици се ранети. Одговорноста за нападот ја презеде таканаречената Исламска држава.

Во телеграмата која ја потпишува Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец ги препорачува починатите души на милосрдието на Севишниот и на иранскиот народ му ги гарантира своите молитви за мир.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот