Почесниот папа Бенедикт XVI во посета во клиниката Агостино Џемели

Во петок 3 јануари почесниот папа Бенедикт XVI го посети својот брат Георг Рацингер во Агостино Џемели клиниката во Рим. Георг Рацингер, кој за време на Божиќ пристигна во посета својот брат почесниот папа Бенедикт XVI имаше потреба да биде хоспитализиран, јавува Ватикан инсајдер.

Почесниот папа Бенедикт XVI при посетата на својот брат во клиниката разговараше само со лекарите, кои се грижат за здравјето на неговиот брат. За разлика од посетите на клиниката за време на неговиот понтификат, почесниот Папа не контактираше со други пациенти и вработени во клиниката.Посетата беше од приватен карактер.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот