Во Ватикан започна 30. средба на Кардиналскиот совет

Во Ватикан започна 30. средба на Кардиналскиот совет

Средбата на папата Фрањо и Кардиналскиот совет ќе се одржува до 27 јуни, а во фокусот на работата е новата Апостолска конституција чиј привремен наслов е „Проповедајте го Евангелието.“

На 25 јуни започна 30. средба на Кардиналскиот совет, која ќе се одржува до 27 јуни и со која раководи папата Фрањо. Советот ќе работи на новата Апостолска конституција, чиј привремен наслов како што веќе е познато е „Проповедајте го Евангелието.“ Нацрт текстот кој го одобри Кардиналскиот совет е испратен до претседателите на националните епископски конференции, до синодите на Источните Цркви, дикастериите на Римската Курија, до конференциите на вишите настојатели и настојателки и до некои Папски универзитети од кои е побарано да испратат свои забелешки и предлози.

Тој важен папски документ би требало да ја замени актуелната апостолска конституција „Добар Пастир“ на свети Иван Павле II која е во сила од 28 јуни 1988 година, а е составена од 193 члена, 2 додатоци и неколку промени кои се воведени со мото проприо од почесниот папа Бенедикт XVI во 2011 и 2013 година и со мото проприото на папата Фрањо од 2014 година. На последната средба на Кардиналскиот совет која се одржа од 8 до 10 април договорена е постапка за советување за новата Апостолска конституција.

На заседанието во април учествуваа сите шест членови на Кардиналскиот совет: Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, координаторот кардинал Оскар Андрес Родригез Марадијага; кардинал Рајнер Маркс; кардинал Сеан Патрик О’Мали; кардинал Џузепе Бертело и кардинал Освалд Грацијас. Освен нив присустува и секретарот на Советот монс. Марсело Семераро и потсекретарот монс. Марко Мелино.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот