Папата Фрањо до кардиналите: Исус нѐ повикува да му се придуружиме на Неговиот пат

„Исус одеше пред нив“…(Мк 10,32) И во овој час Исус оди пред нас. Тој секогаш е пред нас; ни претходи и ни отвора пат… Ова е наша доверба и наша радост: да бидеме негови ученици, да бидеме со Него; да чекориме зад Него, да Го следиме… – се зборовите на Светиот Отец на почетокот на проповедта, на 22 февруари на конзисториумот, во текот на кој во кардиналскиот збор се приклучија 19 нови кардинали.

Кога во Сикстинската капела со кардиналите ја служевме првата света Литургија, одиме или одат беше првиот збор кој Господ ни го предложи – рече Папата. Денес тој збор се враќа, но овој пат како Исусов чин и делување кое трае: Исус оди… Ова во нѐ погодува во евангелијата: Исус многу оди, поучувајќи ги на тој пат своите ученици. Ова е важно затоа што Исус не дошол да нѐ поучува филозофија или идеологија, туку патот – кажа папата Фрањо и продолжи – патот кој се минува во заедништво со Него, а патот се запознава минувајќи го и одејќи по него. Да, драги браќа, нашата радост е – да одиме со Исус.

И тоа не е лесно ниту удобно, затоа што патот кој го избира Исус е патот на крстот. Додека се на пат, Тој на своите ученици им зборува за она што ќе му се случи во Ерусалим: ја навестува својата мака, смрт и воскресение. Учениците на тоа се запрепастени и преплашени. Запрепастени се затоа што за нив искачувањето во Ерусалим значело учествување во Месијанскиот триумф; во неговата победа, кое нешто подоцна се гледа од молбата на Јаков и на Иван; а биле преплашени затоа што – она што Исус требало да го поднесе – и на нив би можело да им се случи.

За разлика од тогаш учениците, ние знаеме дека Исус победи и не треба да се плашиме од крстот; уште повеќе, во крстот е нашата надеж – рече Папата. Сепак и ние сме луѓе; грешни и изложени на искушенија мислејќи човечки, а не на божествен начин. А која е последицата на световното гледање и размислување? Евангелието ни вели: „Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јакова и Иван“ (Мк 41). Ако превладее менталитетот на светот, тогаш исто така се подметнуваат и ривалства, завист и поделби.

Зборот кој денес Господ ни го испраќа, од внатре нѐ чисти, ја расветлува нашата совест и ни помага потполно да се усогласиме со Исус; и тоа да го направиме заеднички во моментот кога Кардиналскиот колегиум се проширува со свои нови членови.

„А Исус, кога ги повика“ (Мк 10,42) е вториот Господов чин. Во текот на патувањето видел дека треба да зборува со дванаесетмината, застана и ги повика кај себе. Браќа, да дозволиме Господ Исус да нѐ повика кај себе! Да дозволиме да нѐ собере и да го слушаме со радоста на заедничкото прифаќање на неговото Слово; да дозволиме Тој и Светиот Дух да нѐ поучи, за околу Него секогаш сѐ повеќе да стануваме едно срце и една душа.

Додека сме вака собрани, повикани кај нашиот единствен Учител, ќе ви кажам што и е потребно на Црквата: потребни сте и вие и вашата соработка; пред сѐ и самото ваше заедништво со мене и меѓусебното заедништво. На Црквата и е потребна вашата храброст и навестување на Евангелието во секоја прилика; без разлика дали непријатна или пријатна и да посведочите за вистината.

На Црквата и треба вашата молитва, за Стадото добро да напредува на патот Христов; молитвата – да не заборавиме на тоа – која со навестувањето на Словото спаѓа во првата задача на епископот. Црквата треба во овој момент на болка и страдање на толку земји, посебно и е потребано вашето сочувство. Да ја изразиме својата духовна близина со црковните заедници и сите христијани кои поднесуваат дискриминација и прогонства. Треба да се бориме против секаква дискриминација! На Црквата и треба нашата молитва за нив за да бидеме силни во верата и да знаеме на злото да вратиме со добро. Оваа наша молитва се протега на секој човек кој трпи неправда поради своите верски уверувања.

На Црквата и требаме како луѓе на мирот кои со своето делување, желби и молитва, твориме мир; миротворци: затоа да повикаме мир и помирување за народите кои во овие времиња искусуваат насилство, исклученост и војна. Ви благодарам предраги браќа! Да одиме заедно позади Господ и да дозволиме секогаш да нѐ собира блиску до Себе, внатре во верниот Божји Народ, во светата мајка Црква – рече Папата завршувајќи ја својата проповед.

Со денешните 19 новоименувани кардинали, Кардиналскиот колегиум брои 218 членови: 122 кардинали со право на глас и 96 без право на глас. Новоименуваните кардинали доаѓаат од 15 држави од светот. Осум се од Европа: од кои пет Италјанци, и по еден од Германија, Велика Британија и Шпанија; четворица се пак од Северна и Средна Америка, од Канада, Никарагва, Хаити и од Мали Антили; тројца доаѓаат од Јужна Америка: од Чиле, Бразил и Аргентина; двајца од Африка: од Брегот на Слоновата Коска и од Буркина Фасо, и двајца од Азија, од Јужна Кореја и од Филипините.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот