Светиот Престол донесе прописи за постулаторите

Светиот Престол донесе прописи за постулаторите

Светиот Престол прв пат правно ги пропиша задачите на постулаторот на каузата за прогласувањето на блажени и светци, а новоста во Декретот кој стапи на сила на 11 октомври ја објасни во разговор за порталот Ватикан њуз префектот на надлежната Конгрегација, кардиналот Марсело Семераро.

Меѓу останатото постулатори на каузата повеќе не можат да бидат кардинали, епископи или вработени во Конгрегацијата за прогласување на блажени и светци, а одреден е и максималниот број случаи – 30 – со кои истовремено смее да се занимава постулаторот во Рим, се истакнува во Декретот.

Задачата на постулаторот е да ги собере сите релевантни докази за и против беатификација или канонизација на одредената личност, починат католик. Неговиот адвокат ги документира изјавите на кандидатите, сите писмени и усни сведоштва на современиците и со сето тоа ги запознава верниците. Исто така управува и со финансирањето на постапката. До сега тие активности беа одредени со насоки и кодекси, но нив ги одредуваше самиот постулатор.

Со новиот Декрет сега се регулира постулаторот како на епископско нивно така и во Ватикан. Постулатор може да стане секој верник католик со интегритет кој доволно ја познава теологијата, црковното право и историјата како и начините на работа на дикастеријата. Постулаторите работат во име на бискупијата, редот, заедницата, парохијата па дури и за поединци. На крајот од постапката постулаторот од Конгрегацијата бара признавање на мачеништвото, чудата или херојските крепости на личноста за која се води постапката. Во Конгрегацијата потоа се собира материјалот повеќе пати се испитува и се разгледува и се претставува на Папата кој донесува одлука.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот