Апел на Папата за Сирија

Апел на Папата за Сирија

Од Бари Папата во пладневниот наговор упати апел за Сирија, повикувајќи ја меѓународната заедница и конфликтните страни да го слушнат плачот на најмалите.

Додека сите сме собрани овде на молитва и размислување за мирот и за судбината на народите кои живеат на Медитеранот, на другиот брег на ова море, посебно на североистокот на Сирија, се случува страшна трагедија – рече Папата и упати силен апел до учесниците во конфликтот, како и до меѓународната заедница, да се прекине вревата на оружјето и да се слушне плачот на најмалите и незаштитените; да се стават на страна пресметките и интересите за да се заштитат животите на цивилите и на големиот број невини деца кои ги плаќаат последиците.

Да се помолиме Господ да ги допре срцата и да се надмине логиката на конфликтот, омразата и осветата и повторно да откријат дека се браќа, синови на ист Отец, кој дава сонцето да грее над добрите и над лошите (Мт 5,45). Да го повикаме Светиот Дух за секој од нас, поаѓајќи од секојдневните дела на љубовта да придонесе за градење на нови односи, вдахнувани од разбирањето, прифаќањето, трпението, поставувајќи така услови за да може да се искуси радоста на Евангелието и да се шири на сите полиња на животот. Нека Дева Марија „Ѕвезда на морето“ на која гледаме како на највисок пример за верност на Исус и на неговите зборови, ни помогне да чекориме по тој пат.

Пред да ја измолиме Ангел Господов, од срце им се заблагодарувам на сите епископи и на сите кои учествуваа на оваа средба „Медитеранот како граница на мирот“; како и на оние – кои се многу и кои на различни начини работеа да биде успешна. Ви благодарам на сите! Придонесовте за раст на културата на средба и дијалог во овој регион, толку важен за мирот во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот