Од проповедта на Папата: Љубовта кон непријателите е новоста на Евангелието

Само со милосрдно срце можеме вистински да Го следиме Исус, рече папата Фрањо на светата Литургија на 11 септември во домот Света Марта. Светиот Отец потсети дека христијанскиот живот не е самоодносен живот, туку дар без егоизмот. Само така ќе биде можно да се љубат сопствените непријатели, како што бара од нас Господ.

Папата во проповедта се концентрира на делот од Евангелието по Лука во кое Господ го назначува патот на љубов без граници. Исус бара да ги љубиме и молиме за оние кои ни прават зло. „Тоа е вистинското себедарување„ – рече папата Фрањо – „дарување на срцето и на непријателите. Во тоа е новоста на Евангелието.“ Како христијани повикани сме да правиме добро без очекување било што за возврат. „Евангелието е новост. Новост која тешко се спроведува. Но, значи да одиш по Исус“ – нагласи Папата.

Бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец. Само со милосрдно срце можеме да правиме сè што Господ нè советува. Христијанскиот живот е живот кој излегува од самиот себе и се дава за другите. Љубовта не се враќа на самата себе, не е егоистична: се дарува – објасни папата Фрањо и продолжи: Господ бара да простуваме за да ни биде на нас простено. „Секој ден молиме „Оче наш“: Прости ни ги долговите наши како што ние им ги проштаваме. Ако јас не простувам како можам да Го молам Отецот: Прости ми ги?“ Би можело да се приговори дека тоа е лудост, дека да станеш христијанин значи на некој начин да прифатиш лудост. „Да, на некој начин“ – рече Папата, потсетувајќи на тоа што го слушнавме од свети Павле дека лудоста на крстот нема ништо со мудроста на светот. „Тоа значи да се откажеш од лукавоста на светот за да се прави сè што Исус бара. И кога сè ќе се сведе изгледа дека сме во загуба“ – продолжи папата Фрањо и рече:

„Но тоа е Исусовиот пат: великодушност, себедарување без мерка. И заради тоа Исус дојде на светот и така постапи. Да бидеш христијанин не е лесно и не можеме да станеме христијани освен со милоста Божја“, истакна Папата и продолжи: „Тука доаѓа молитвата која треба секој ден да ја молиме: „Господи дади ми милост за да станам добар христијанин, бидејќи јас самиот тоа не можам да го направам. Да правиме така и да го молиме Господ за милост за да сфатиме што значи да бидеш христијанин и за милоста да нè направи христијани“ – поттикна на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот