Од проповедта на Папата: Нашата лична историја е сведоштвото на Божјата љубов кон нас

Да не ја забораваме својата лична приказна во молитвата, рече папата Фрањо во текот на светата Литургија на 7 oктомври во домот Света Марта. Папата истакна дека Господ е со нас на патот на животот и ги повика верниците заради секојдневните грижи да не ја заборават молитвата.

Господ „го избрал Својот народ и го следи во текот на патот низ пустината, во текот на целиот живот“, рече папата Фрањо, задржувајќи се посебно на првото читање во кое свети Павле се присетува на својот живот, не сокривајќи ги своите гревови (Гал 1, 13-24). Она што „Бог го направил со Својот народ – рече Папата – го правел и го прави со секој од нас“. „Избрани сме: зошто јас сум христијанин, а не таму оној друг човек, оној далеку….“ „Тоа е милост“, одговара Папата, „милоста на љубовта“. Треба да се присетуваме на овие реалности, но во нејзината конкретност – истакнува – и тоа го прави Павле, кој признава дека прекумерно ја гонел Црквата. Павле не говори „добар сум, од благороден род…,“ Не, Павле вели: „јас бев гонител, бев лош!“ Павле, повторува Папата, се присетува на својот пат, посебно на својот почеток:

„Не сме навикнати на тој начин да се присетуваме на сопствениот живот. Ги забораваме работите, живееме за моментот и забораваме на историјата. А секој од нас има своја историја: историја на милости, историја на гревови, историја на патот… И добро е да молиме со својата историја. Павле тоа го прави преку својата приказна, но зборува: Он ме избави! Он ме повика! Он ме спаси! Он беше мој сопатник…“

„Да се сеќаваме на сопствениот живот значи да го славиме Бог. Да се сеќаваме на сопствените гревови од кои нас Господ не спаси и да го славиме Бог.“ Заради тоа, продолжи „Павле вели дека се фали само со две работи: сопствените гревови и милоста на Бог Распнатиот, со Неговата милост. Папата истакнува, Павле се сеќава на своите гревови и се фали: Бев грешник, но Христос Распнатиот ме спаси и се фали со Христос. Тоа е сеќавањето на Павле. Тоа е сеќевањето на кое не повикува самиот Исус.

Кога Исус и вели на Марта: Ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија, пак, го избра добриот дел кој нема да и се одземе. Па? Да се слуша Господ и да се сеќаваш. Не може да се молиме секојдневно како да немаме своја приказна. Секој од нас има своја приказна. И со таа приказна во срцето да пристапиме на Молитва како Марија. Но, често обврските не срамат, како Марта, работата, дневните грижи, должностите и ја забораваме својата приказна. (Лк 10, 38-42).

Нашиот однос со Бог, рече, „не започнува на денот на Крштението: таму тој однос се запечатува“, започнува во оној момент кога Бог во вечноста на нас погледне и не избере. Во Божјото срце, таму започнува.

„Да се сеќаваме на своето избирање, Божјото избирање. Да се сеќаваме на нашето заедничко одење во сојуз. Дали сојузот е испочитуван или не е? Не е, грешници сме и се сеќаваме на ветувањата Божји, за кои Он никогаш нема да изневери и во тоа е нашата надеж. Ова е вистинска молитва.“

Папата потоа заврши со проповедта повикуваќи на молитва од Псалм 138: „Господи Ти си ме испитал и ме знаеш. Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои. Одам или лежам, Ти се гледаш.“ „Тоа значи да молиш – рече папата Фрањо – да молиш значи да се присетиш пред Бог на својата сопствена приказна. Бидејќи нашата приказна е – приказната за Неговата љубов за нас.

РВ/ Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот