Папата искажа близина со верниците во Никарагва

Папата искажа близина со верниците во Никарагва

Во пладневниот говор, после молитвата Ангел Господов на 2 август 2020 година, папата Фрањо искажа близна со верниците во Никарагва, кои се погодени од нападот врз катедралата во Манагва. Тој потсети дека на овој ден во сите фрањевски парохии и манастири е можно да се добие порцијанкулско простување и ги повика политичките и економските институции да го помогнат вработувањето.

После молитвата Ангел Господов папата Фрањо своите мисли ги упати најпрво на никарагванскиот народ, кој трпи поради нападот на катедралата во Манагва во која е оштетен и скоро потполно уништен крстот, кој со векови го следи и штити животот на верниот народ. Сакани никарагвански браќа, близок сум ви и се молам за вас – рече Папата.

Папата зборуваше и за празникот Богородица од Ангелите и потсети дека во текот на целиот ден верниците може да добијат порцијанкулски, односно потполн опрост за своите гревови, духовен дар кој свети Фрањо го доби од Бог преку застапништвото на Дева Марија.

Станува збор за потполн опрост, кој може да се добие пристапувајќи на светите Тајни исповед и евхаристија, и посетувајќи една парохиска или фрањевска црква, молејќи го Верувањето, Оче наш и молитва за Папата и неговите накани. Опростот може да биде наменет и за некој од починатите. Многу е важно секогаш во центар да се става Божјото простување, кое „создава рај“ во нас и околу нас. Тоа простување кое доаѓа од Божјото срце, кој пак е милосрден – истакна Папата.

Обраќајќи им се на пристуните на плоштадот Свети Петар, но и на сите кои на некој начин го следата пладневниот говор, Папата на сите им посак да да го поминат одморот во знак на природата и духовноста, и истовремено упати апел до институциите да не заборават да ги заштитат работните места. Без работа семејството и општеството не можат да напредуваат. Да молиме за тоа. Затоа што проблемот после пандемијата е и е биде недостаток на работа, затоа потребно е многу солидарност и креативност како се се решил тој проблем – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот